Основачот на социјалната мрежа Марк Закерберг најави воведувањето на хаштаг ознаки со цел корисниците подобро да ги организираат постовите и да имаат можност да им дадат контекст во поголема јавна дискусија по примерот на Твитер итн.
Хаштаговите ќе овозможат пристап до други коментари за одредени теми. Според Фејсбук, хаштаг ознаките ќе овозможат и полесно пребарување содржини на мрежата.
Од компанијата велат дека ова е само дел од многуте новини кои планираат да ги воведат во иднина.