Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен е конкурсот за „Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство 2024“

0
By Marija Todorovska on May 13, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Отворен е конкурсот за „Наградата од Европската Унија за истражувачко новинарство 2024“.  Наградата има за цел да ја подобри слободата на изразување, да го подржи владеењето на правото и да фрли светло на различни прашања кои влијаат на националните и регионалните случувања. Тоа може да вклучува организиран криминал, корупција, екстремизам, странски влијанија, прекршување на човековите права (вклучувајќи и во онлајн сферата), и други суштински прашања од јавен интерес.

Како дополнување на националните награди, втора година по ред ќе биде доделена и регионална награда за истражувачко новинарство. Регионалната награда има за цел да поддржи разработка на прашања од прекугранично значење и да адресира предизвици кои регионално влијание.

Годишниот награден фонд за Македонија изнесува 10.000 евра. Дополнително, наградниот фонд за регионалните награди изнесува исто така, 10.000 евра. Ќе бидат избрани три најдобри стории на национално, и три на регионално ниво, при што паричните награди изнесуваат по 5.000 евра за прво место, 3.000 евра за второ место и 2.000 евра за трето место.

Секој кандидат може да пријави свои стории за националната, за регионалната или и за двете награди. Еден кандидат на конкурсот може да пријави најмногу три стории.

Жири-комисијата ја сочинуваат локални и меѓународни експерти, уредници, академици и искусни новинари, со цел да се обезбеди фер и строг процес на оценување. Оваа година членовите на жири-комисијата за националната награда ќе имаат ексклузивно право сториите кај кои ќе препознаат регионална вредност да ги предложат и за регионалната награда, дури и во случај тие стории при аплицирањето да не биле пријавени за тој конкурс. Доколку пријавените не освојат една од трите награди на националниот конкурс, сепак може да се натпреваруваат за регионалната награда доколку ги исполнуваат критериумите.

Рокот за поднесување апликации е 13 јуни, 2024 до полноќ.

За повеќе детали за процесот, како и за потребните документи за аплицирање кликнете тука.

Истражувачко новинарство конкурс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.