Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024

0
By Ана Василевска on May 14, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Фондацијата „Милан Младеновиќ” распиша конкурс за наградата што го носи името на легендарниот белградски и југословенски рок музичар и фронтмен на групата Екатарина Велика. Конкурсот за наградата „Милан Младеновиќ“ 2024, под слоганот „Пријави ја твојата песна” е отворен до 31 мај годинава, инфрмираат од фондацијата.

Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на поранешните југословенски републики, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата.

Песните кои аплицираат за наградата треба да бидат објавени од 01.06.2023. до 31.05.2024. година.

– Апликациите може да ги поднесат авторите, изведувачите или издавачите користејќи го формуларот достапен на веб-страницата на Задужбината: www.milanmladenovic.com.

Наградата „Милан Младеновиќ’ е основана со цел да се поттикне музичкото творештво кое се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Милан, а се доделува за најдобра песна од поранешна Југославија на церемонијата на 21 септември – роденденот на Милан.

Меѓу лауреатите на оваа престижна награда пред две години се најде и македонската пејачка Дина Јашари.

За победникот на наградата Милан Младеновиќ 2024 одлучува регионално жири составено од Ања Рупел (Словенија), Дубравко Јагатиќ (Хрватска), Макс Јуричиќ (Хрватска), Никола Врањковиќ (Србија), Светлана Ѓоловиќ (Србија).

Стручното жири прво ќе избере 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Фондацијата „Милан Младеновиќ“, а добитниците на овогодинешното признание ќе бидат наградени и со парични награди. Наградата е 3.000 евра. Фондацијата „Милан Младеновиќ“ воспостави долгорочна соработка со фестивалот Егзит, а добитникот на наградата „Милан Младеновиќ“ автоматски ќе биде вклучен меѓу изведувачите на Егзит 2025 година.

Награда ќе добие и најиновативниот тапанар, како и најинтересен вокалист, а годинава за прв пат ќе биде доделена и наградата за најдобар текст.

Освен формуларот за апликација, на веб-страница на фондацијата е достапна и комплетна документација во врска со условите на конкурсот и правилата за доделување на наградата.

Дина Јашари, „Љубичице“, „Артан Лили“… го чекаат наследникот на наградата „Милан Младеновиќ“ за 2024 година.
Музичари, не чекајте, пријавете се на конкурсот, порачуваат до фондацијата.

Милан Младеновиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.