НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен ли е патот за петтиот сет мерки – решението за државјанствата на проверка кај надлежните институции

0
By Нова ТВ on April 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали конечно се отвори патот за мерките од петтиот пакет економска помош наменети за стопанството и граѓаните зафатени од кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот? Оптимизам и кај власта и кај албанската опозиција, велат остварен е сериозен напредок. Премиерот Зоран Заев од една страна и Зијадин Села и Африм Гаши од другата по денешната лидерска средба си пружиле рака за надминување на проблемот околу спорните точки на законот за државјанство. И двете страни како што истакнаа по средбата настапиле подготвени и ги соочиле своите ставови.

Според премиерот Зоран Заев средбата била конструктивна, а постигнатите компромиси сега треба да одат на анализа кај надлежните институшии кои како што рече треба да ги стават на хартија и да ги преточат во законско решение кое другата недела би требало да се стави на собраниска седница за гласање.

Оптимисти по средбата беа и коалиционите партнери Села и Гаши кои рекоа дека конечно е постигнат напредок со кој ќе се стави крај на тридеценискиот проблем.

Се договорија да ги известат и другите политички партии од опозицијата за постигнатиот компромис и да се договорат да ги повлечат амандманите со цел да ја одблокираат работата на собранието.

И денеска не изостанаа препукувањата околу тоа кој ја зборува вистината и дали со изнесувањето лажни податоци се купуваат ситни политички поени.

Арбер Адеми од редовите на ДУИ излезе со став дека Села намерно манипулира со бројките на Албанци кои немаат државјанство со цел да си поигра со нивните чувства и да добие политичка поддршка. Според него во земјава има помалку од 1.300 Албанци кои во моментов чекаат решение за добивање државјанство, што пак воопшто не соодветствува со калкулациите на Села кој прво велеше дека станува збор за 70 илјади, па 7 илјади за на крај како што рече Адеми да изјави дека станува збор за неколку илјади.

А поради најавените економски мерки за помош на „ивент“ индустријата за кои вицепремиерот Фатмир Битиќи најави средства во висина од 1 милион евра кои ќе се делат на тематски конкурси, денеска на протест излегоа организаторите на настани кои обвинуваат дека на овој начин помош ќе добијат само одредени компании и тоа за владини проекти, а според нив со мерките треба да бидат опфатени и потпомогнати сите во овој сектор.

Најавија протести секој ден од 12 до 15 часот се додека не се изнајде компромис за нивните барања.

„Навистина жалам што се уште не можеме да преминеме преку дневно политички агенди и да одговориме на потребите на секој граѓанин. Во време на здравствена и економска криза нужно е да бидеме брзи и ефикасни. Ја сфаќаме потребата на сите, но секогаш мора да се знае што е најургентно и најитно за решавање. Секако, јас сум многу блиску до случувањата, до она што беше на денешниот протест на ивент индустријата, нивниот сектор е многу близок до сите граѓани. Ние секако имаме решенија за сите области. Неколку пати сум имал состаноци со ивент индустријата, имаме различни гледишта кон кризата, но само за јавноста да знае, компаниите кои организираат настани никогаш не биле изоставени од мерките, во сите пакети до сега тие биле вклучени, на пример ослободување од некои даноци, одложување на данокот на личен доход, имаа бескаматни кредити, имаа можност за финансиска помош од државата за плати за вработените.“ изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи во гостување на Сител.

И додека граѓаните живеат во економска и здравствена криза, од еднастрана се надеваат на економската помош која им е најитно потребна, а од друга уплашени од секојдневните статистики за новозаразени и починати го чекаат својот ред да се вакцинираат за да го заштитат своето но и здравјето на другите со што и земјава побрзо ви се извлекла од незавидната состојба во која во моментов се наоѓа.

Здравствените власти денеска соопштија дека уште утре ќе се вакцинираат приоритетните групи на граѓани, а потоа тековно ќе се одвива вакцинацијата според возрасната граница. Граѓаните во земјава се уште немаат можност да избираат со која вакцина би сакале да се имунизираат но според соопштението на владата во моментов земјава располага со 20 илјади дози на руската „Спутник В“ наменети за сите возрасти и дози на Оксвордската „Астра Зенека“ кои според последната одлука на здравствените власти ќе се даваат само на лица над 60 годишна возраст, но денеска пристигнаа и 2 илјади дози од кинеската вакцина кои што според информациите ги обезбедил македонскиот амбасадор од Обединетите Арамски Емирати.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска со оптимистичка изјава дека се бележи тренд на намалување на новозаразените и хоспитализираните, но претпазлив вели да се почекаат бројките од утрешниот ден, бидејќи како што истакна после викенд поради помалиот број тестирања и бројот на нови случаи е помал.

Паралелно се уште стои отворена можноста дел од македонските граѓани доколку сакаат да се вакцинираат во соседна Србија.

И додека фокусот се става на главните прашања здравствената криза и излезот од неа, изминатиот период Владата се соочи со обвинувања дека нетранспарентно работела и дека ангажирала голем број хонорарни работници, а како што беше пишувано во голем број медиуми главниот сомнеж бил дека Владата се обидува да ги прикрие нивните податоци, односно идентитети и примања.

За да ја разреши и оваа дилема денеска владината прес служба јавно и транспарентно ја објави листата на стручни соработници ангажирани со авторски договори, а според податоците објавени таму, највисоките примања изнесуваат 60 илјади денари, а најниските 14.500.

-Во минатото сведочевме за голем број организирани напади полни дезинформации, а дури и сега во конкретниот случај, сведочиме за хајки преку одделни веб-портали и медиуми и на социјалните мрежи на лична основа и со обиди за загрозување на приватноста на граѓаните кои имаат чисти професионални договори за извршување задачи за Владата за поддршка на активностите кои се од интерес на граѓаните, велат од Владата.

Во таа насока, како што потенцираат, упатуваат јасна порака дека Владата и институциите ќе ги искористат сите институционални механизми кои се на располагање да ги заштитат професионално ангажираните лица од јавен линч, нарушување на  нивната приватност, говорот на омраза или повици за насилство.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.