Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворен првиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје

0
By НОВА ТВ on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска е отворен првиот Центар за поддршка на згрижувачки семејства во Скопје, кој ќе функционира при Јавната установа за деца „11 Октомври“. Основната задача на Центарот е поддршка, помагање и насочување на згрижувачките семејства, за обезбедување соодветна грижа на детето сместено кај нив. Исто така, ќе се врши и проценка, обука и подготовка на идните згрижувачки семејства.

Поддршката е обезбедена од стручен тим при Центарот, а веќе в среда ќе биде отворен и вториот Центар за поддршка на згрижувачи семејства во Битола.

Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска која денеска присуствуваше на отворање на Центарот, изјави дека ова е голема придобивка за општеството. Како што посочи, успехот на едно општество, неговата поставеност, организација, развој е во грижата за граѓаните, но пред се грижата за децата.

Според министерката, колку сме ние успешни како општество говори колку сме направиле за згрижување на децата особено за децата кои се без родители и без родителска грижа.

– Најдобрата средина за воспитување, за подигање на децата, за едно среќно детство секако дека претставува биолошкото семејство. Меѓутоа децата кои од различни причини останале без родители и без родителска грижа најблсика средина им се згрижувачките семејства, рече Шахпаска.

Таа испрати порака дека згрижувачките семејства се претставуваат како многу значајна карика во системот на социјална заштита.

Шахпаска посочи дека во Центарот тие ќе добиваат стручна поддршка од страна на тим, кој ќе овозможи на децата што се згрижени во нивните домови да им обезбедат среќно, безгрижно детство, да учествуваат во нивното воспитување, пристапот до здравствена заштита, меѓутоа и можност за образование.

– Во моментов околу 300 згрижувачки семејства се грижат за некаде околу 500 деца, и тоа е начин кој генерира задоволство не само на децата, не само на згрижувачките семејства, но и на нас како Министерство и како Влада. Сакаме да испратиме и порака до јавноста дека сакаме да ја шириме услугата, односно да го зголемуваме бројот на згрижувачки семејства во нашата земја, додаде министерката.

Таа најави дека како Министерство ќе продолжат да работат на децентрализација на социјалните услуги. Во моментов, како што рече, тече лиценцирањето, односно врачувањето на лиценците за системот на даватели на услуги во сицијалната заштита.

– Продолжуваме понатаму и со процесот на деинституционализација, и се што претставува приближување на услугите на лица со попреченост во заедницата, рече Шахпаска.

Претставничка на УНИЦЕФ во земјава, Патриција Ди Џовани му честита на Министерството во делот на деинституционализацијата, со цел, како што рече, ниту едно дете да не остане во институциите, туку да се пронаоѓаат алтернативни форми за згрижување.

– Многу добро е познато од науката дека ние како човечки суштества најдобро се развиваме и растеме како деца кога растеме во биолошкото семејство, бидејќи таму ја добиваме најдобрата психо-социјална емотивна поддршка и поддршка во делот на образованието и се што му е потребно на едно дете.Според науката, иснтитуциите не се најдоброто место за раст и развој на едно дете, изјави Ди Џовани при посетата на Центарот.

Директорка на Јавната установа за згрижување на деца „11 Октомври“, Соња Стамевска, најави дека Центарот ќе опфаќа околу 181 згрижувачко семејство со околу 326 корисника и во шест региони – Вардарски плански регион, Скопски плански регион, Источниот плански регион, Југоисточниот, Североистолниот и Полошкиот плански регион, со сите центри кои се чинители во овие плански региони.

– Центарот за помош и поддршка е дел од целата стратегија на деинституционализација која во 2018 беше донесена како национална стратегија за деинституционализација и со која декември 2018 започна трансформација на оваа иснтитуција, каде децата од едни огромни институции како што беше и нашата, преминаа во похумани услови на живеење, односно во мали, крупни домови каде што негата и грижата и квалитетот кон давањето грижа кон нив се подигна на повисоко ниво, истакна Стамевска.

Целта на овој Центар, како што нагласи таа, е развивање на овие згрижувачки семејства и давање можност да децата на кои им е потребно згрижување да го имаат оној поприближен тип на згрижување до биолошкото семејство, а не до институционалното.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.