Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворени Струшките вечери на поезијата

0
By Нова ТВ on August 28, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со засадување дрвце во паркот на поезијата во чест на лауреатот, кинескиот поет Беи Дао и традиционалното читање на песната „Т`га за југ“ пред Домот на поезијата вчера почнa 54. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Годинашниот добитник на „Златниот венец“, кој пред 12 години беше учесник на фестивалот, по пристигнувањето во Струга истакна дека признанието е многу важно за него, но и оти е среќен што има можност повторно да се сретне со големи поетски имиња од светот.

Престижната награда на Беи Дао ќе му биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.

Струга по 54. пат е претстолнина на поезијата, а фестивалот ќе се одржува пред Домот на поезијата и на отворени сцени во Струга. Истовремено поетски читања, „Поезија на пат“ ќе има и во Охрид, Ресен, Битола и Скопје.

По свеченото отворање во предворјето на Домот на поезијата ќе се одржи меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

На фестивалската програма предвидени се поетски читања на учесниците од платформата „Версополис“ и традиционалните „Ноќи без интерпункција“.

Поезија ќе читаат и поетите од потесниот избор на наградата „Браќа Миладиновци“, чиј добитник ќе биде прогласен в сабота на прес-конференција. Во честа на јубелејот „50 години Златен венец“ ќе има поетски портрет на Адонис, лауреат во 1997 година.

На 54.Струшки вечери на поезијата ќе учествуваат 44 поети од 29 земји. Присутни ќе бидат имиња во современиот поетски свет од Шпанија, Шведска, Индија, Германија, Норвешка, Австралија, Чиле, Јапонија, Израел, Словачка, Русија, САД, Либан, Мексико, Молдавија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.