Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо до петмината судии на Уставен кои гласаа „за“ иницијативата

0
By Нова ТВ on February 25, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Елена Гошева, Никола Ивановски, Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Јован Јосифовски

Господа судии,

Откога Уставниот суд ја прифати иницијативата за која вие потоа, по брза постапка, гласавте да се овозможи криминалците, педофилите и злосторниците да бидат помилувани, еден гледач на телевизијата рече: Се срамам што сум Македонец!

Јас пак додавам: Се срамам што сум човек!

Партијата која го менаџира овој случај е безмилосна: Таа ве натовари со голем срам, а потоа, како Понтие Пилат, се обиде да си ги измие рацете! Најпосле, како секогаш во историјата и во животот, оној кој не го почитувал професионалниот и човечки морал, останува сам, фрлен на сувиот песок на брегот од плимата која наидува на секои дваесет и четири часа.

По толкавото упорствување на дел од демократската јавност, по толкуте ризици и жртви за да се сотре криминалот и злото и Македонија конечно да излезе од овој тунел, по толкуте упорствувања дури и на институции и поединци од светот и, најпосле, по конечното покренување на постапки за изборен криминал, вие се појавувивте и фрлате весло на злото за пак да исплива и да се појави дури и на следните избори.

Ве прашувам, дали се чувствувате исто денес, кога народот протестира пред вашиот Суд, дали денес некој седнува да разговара со вас, можете ли да се сретнете со вашите четворица колеги кои длабоко го сфатија значењето на овој момент и гласаа против, што им рековте на вашите сопрузи кога се вративте дома, што им рековте на вашите синови и ќерки, на вашите внуци?

Колку примери има кога за слични постапки, за постапки со кои се охрабрува злото, децата и внуците ги презреле своите родители, дедовци и баби? Не постои друг пат освен пат на чиста совест и слушање на професионалниот глас. Дали сте свесни, па вие сте судии на највисокиот суд во оваа држава, што значи кривично дело поврзано со лажирање на избори?

Тоа значи дека, ако изборите во 2011 или во 2013 година биле лажирани, за што постојат индиции, тогаш ние живееме во нелегален систем, во нелегална држава, дека сите институции – почнувајќи од Претседателот на Републиката на кого му отворате пат да помилува криминалци, до Парламентот, Владата и итн., се нелагални. За тоа ли сакате да се амнестира изборниот криминал, зар само во таков систем вие знаете да функционирате?

Ни еден настан во последно време, макар што ги имаме многу грди и опасни, не ме потресе и не ме згроми толку колку вашата одлука да се обидете да ги амнестирате изборните измами. Ова ваше кревање рака за амнестирање на изборното зло е длабок и широк потрес во општествениот, политичкиот и во приватниот живот на луѓето.
Како ли ќе продолжите натаму!

Димитар Башевски, писател

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.