Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо до ректорот на УKИМ, проф. д-р Стојковски

0
By Нова ТВ on May 8, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почитуван ректоре на УKИМ,

На 8 март 2013 до архивата на Ректоратот доставив барање за средба во врска со рефератот за избор на помлад асистент по предмети од областа на психологијата. Истото писмо го доставив до Вас во електронска верзија. Вие, ниту некој друг во ваше име, не одговоривте на моето барање. Бидејќи вашиот одговор не можам да го добијам преку институциите на системот, ќе се обидам да го привлечам вашето внимание обраќајќи се до вас јавно.

На Kонкурсот се пријавив со магистратура од Универзитетот во Kембриџ, просек од додипломски студии 9,76, со објавени 12 труда од кои 3 во меѓународни списанија, а едно од нив со импакт-фактор. Јас бев одбиена, а беше (тогаш предложен, а сега веќе) примен кандидат со 1 објавен труд (без да се наведат податоци за списанието заради што не може да се верифицира квалитетот на трудот и списанието) и еден труд поднесен за печатење, со просек 8,86.

Тогаш Ви го поставив прашањето „Што уште е потребно за да можам да се вработам на соработничко работно место при УKИМ“. Одговор не добив од Вас, но затоа внимателното читање на рефератот и одговорот на приговорот ми дадоа некоја насока за размислување. Дали знаете дека во одговорот отворено се вели дека квалитетот на објавените трудови не е важен? (Билтен на УKИМ, број 1050, стр. 204) Но, затоа, пак, во рефератот се вели дека е важна лојалноста на кандидатот кон претпоставените. Многу сум збунета.

Дали можеби се случило некое трансформирање на Универзитетот во воена институција, па наместо да се цени докажан истражувачки потенцијал, тоа што се вреднува е лојалност кон претпоставените? Но дури и да е така, што не верувам дека е, врз основа на кои критериуми е оценета лојалноста кон претпоставените кога станува збор за почетничко работно место. Навистина, примениот кандидат има искуство како демонстратор, но тоа не значи предност при вработување бидејќи тој критериум го нема по ниту еден закон, ниту, пак, во некоја изјава е наведено дека тие лица ќе имаат предност при вработување.

Од друга страна, Министерот Kралев во неколку наврати ја истакнува важноста на научноистражувачката работа. На пример на 9 октомври 2011 во интервју за Радио Слободна Европа министерот Kралев изјави: „Наша континуирана цел во следниот период ќе остане токму таа, да го поттикнеме и да овозможиме поголема научноистражувачка дејност од страна на професорите и на целата академска заедница.“ На 11.10.2012 министерот Kралев во својата колумна напишал: „Објавените научни трудови претставуваат валоризирани продукти на научноистражувачката работа и се во директна врска со компетенциите на наставниот кадар за изведување високообразовна дејност“. На 7 март 2013, МОН ја промовира стратегијата за спречување одлив на високо образован кадар. Да ве потсетам, јас магистрирав во Kембриџ и од лојалност кон мојата татковина се вратив да придонесам тука, а институциите ми ги затвораат вратите.

Затоа, почитуван ректоре Стојковски, Ве молам јавно да се изјасните: дали е важен квалитетот на објавените трудови при избор на универзитетски кадар или не е?

Доколку не е, ве молам насочете ме кон работно место каде што е важен квалитетот на објавените трудови. Ако е важен, дали сметате дека е исправно и морално првиот член на рецензентската комисија, редовен професор кој нема објавено ниту еден труд во списание со импакт-фактор (според податоците за објавени трудови земени од веб-страницата на Филозофскиот факултет, а и според резултатите од пребарување разни бази) да одбива кандидат кој има таков труд? Со други зборови, се прашувам, дали Вие, почитуван ректоре Стојковски, го одобрувате фактот што лица со истражувачки потенцијали се отфрлаат од Универзитетот? Дали Вие како највисока фугура на Универзитетот сте немоќен пред ваквите случувања и можете само немо да стоите без да се слушне вашиот глас?

Ако Вашиот одговор е „да“, тогаш не треба да се чудиме зошто квалификуваните кадри ја напуштаат државата. Не е доволно само да се носат стратегии и напразно да се зборува за важноста на научноистражувачките трудови. Тоа што е потребно е со конкретни дела да се покаже дека тоа за што институциите се залагаат се остварува.

Тоа што ми преостанува е да го чекам Вашиот одговор, за кој се надевам дека нема да биде во стилот „с` е според законот…. не е во наша надлежност….“ (а во чија е ако не ваша?!), одговор каков што им е на институциите најлесно да дадат и да се оградат. Бидејќи ако добијам таков одговор, а и според моето досегашно искуство, слободно можам да кажам дека институциите може да си ја закачат Стратегијата за спречување одлив на мозоци на ѕидот за украс, исто како и јас мојата диплома од Kембриџ, бидејќи во практиката ниту едната ниту другата не вредат за ништо друго.

Со почит,

М-р Ана Стојанов

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
ФОКУС

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

ВЕСТИ October 16, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа Truth Social дека неговиот разговор со…

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025
ТИКЕР

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.