Седум луѓе се повредени додека седеле на тротоар синоќа во пукања во Оукалнад, Калифорнија. Властите засега немаат пронајдено мотив за нападот.
Според Џона Ватсон, портпаролка на полицијата, стрелецот, или стрелците се доближиле до одредена група и почнале да пукаат.
Сите повредени се мажи помеѓу 23 и 31 година. Двајца од нив се во критична состојба. Полицијата се надева на сведоштва со што би го составиле местото на злосторството.
„Ова е навистина скандалозно“, вели шефот на полицијата во Оукланд. „Шест часот навечер и не е така доцна во ноќта, што е навистина безобразно за вакви случувања на самиот агол од улицата во ова време“.