НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ова е држава или лакрдија?

0
By Менче Атанасова Точи on August 9, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колку ни се брзи и ажурни институциите. Додека ја пишувам колумната информациите говорат дека од невремето загинале 22 луѓе, осумгодишно дете се удавило, има исчезнати, стотици се повредени, многу куќи се поплавени куќи. Со часови после невремето од Кризен штаб не излегоа со официјални податоци, а во Итната медицинска помош го трескаат телефонот, не давале информации колку интервенции имале.  Во осум часот изутрина Кризен штаб информира дека имало невреме, да не сме излегувале од дома. Благодариме, знаеме дека имаше невреме, ама со часови како е завршено. Но, повеќе од половина Скопје нема струја, водата за пиење не знаеме дали е безбедна. Не знаеме што е со луѓето во превртениот автобус, со удавените во вода или превртени автомобили, каква штета направиле паднатите дрвја. 11 часот, скоро е пладне, а Кризниот штаб се уште нема информација за изгубените човечки животи, за повредените, за последиците од невремето. Скопје плива во вода, барокот се дави во гомна и ние заедно со него. Ова е држава или лакрдија?

Да беше се како што треба и возилото на Итната медицинска помош во Охрид ќе стигнеше на време за да интервенира кај 18 годишното момче кое почина во кампот Градиште. Во возилото немало дефибрилатор за оживување, ниту  боци со кислород, само некакви кеси како замена. Импровизација. Екипата интервенирала само со инјекција адреналин во вена. Се нашол таму еден познат скопски хирург кој му давал прва помош на момчето, додека да стигне возилото. Иако случајот бил пресериозен и можеби не можела да се избегне трагедијата, охридските служби од Итната медицинска помош треба да си понесат одговорност. И сите по хиерархија вклучувајќи го и градоначалникот и министерот. Патем, каде отидоа тие возила за итни интервенции што ги гледавме по телевизиите, опремени со се внатре, тие што Тодоров свечено ги пушташе во употреба? Во Охрид не ги видовме. Или тие се само за сликање, не се за спасување на човечки животи. Охрид како туристички град кој секогаш има проблеми со укажување на лекарска помош во летниот период, не ја научи лекцијата. А, за такво нешто во училиште се губи година. Во Охрид се губат човечки животи.

Деновиве во една од скопските амбуланти вниманието ми го привлече медицинската сестра која седеше на шалтерот за прием на пациентите. Случајно се најдов таму и жената која што стрпливо ги запишуваше податоците и дотогаш не изусти ниту збор,  кога дојде на ред последниот пациент одеднаш рече: „Толку години работам во здравството вака очајно не се сеќавам дека било некогаш. Има ситуации кога сакам да помогнам на некого, на сиромав или социјален случај, на некој кој што дошол од далеку за да не се враќа назад. Вака како што с е поставени работите невозможно е да се помогне на никого. А, за што сме ние тука ако не сме во можност да им помогнеме на пациентите“. Ова го кажа повеќе за себе и воздивна. Не знам што беше иницијалната каписла за вака да реагира медицинската сестра. Но, сигурна сум дека и дошло преку глава од се во здравството.

И ете, ова што го извади од длабочината на својата душа таа, ме натера да размислувам како можевме да дозволиме да се најдеме во ваква ситуација. Да дозволиме да паднеме на колена, таму каде што најмногу ни треба помош.

И еве сега размислувам колку бизарни работи се случија изминатиот период, колку одговорност се насобрала, а на надлежните не им е гајле за тоа. Со насмевка се поминува преку секоја грешка.

Нема што да се разговара за некоја партиски примена студентка на пример, која ставала инјекции и инфузии на пациенти. Ја тргнаа од Итната медицинска помош, но сигурна сум дека  приказната ќе има среќен крај за неа. Најверојатно ќе ја вработат со новите 350 работни места во здравството или 230 те вработувања на специјализантите за кои не знам од каде ќе најдат пари да ги вработат онака предизборно. Нема зошто да одговара пред законот затоа што била вработена  без диплома, ниту таа ниту директорката на Здравствениот дом, ниту министерот Тодоров.

Беше ова долго топло лето, министерот си замина на одмор, како и сите други впрочем. Е, не зарем ќе се секираат за некаква одговорност. Нели правничката згрешила, така што 20 проценти од плата е доволна казна. Многу грдо, несериозно, неодговорно!

И додека министерот се сонча на некоја од грчките плажи, на едно од скопските клиники економската директорка наредила да се бркаат пациентите кои дошле порано од закажаниот термин, да чекаат надвор на пеколно жешкото време без разлика дали кај докторот има слободен термин.  Хронично болни кои дошле на преглед  додека е свежо, наутро од други градови, мора да чекаат до закажаниот термин до 14 часот без разлика што  докторот може и сака да ги прими.  Многу понижувачки,деградирачки и без грам човечност !

Наместо да им се помогне на пациентите, се дозволува економската директорка да се меша во стручни работи од здравството и да се изживува врз најтешко болните.  Но, така е кога партиски војници мора да се покажат за да напредуваат во кариерата. Докторите се вознемирени и згрозени, но се плашат да и се спротивстават.  Да живее мој термин! И партиски поставените директори! Пациентите нека умираат.

Колку е силно партиското влијание се уверив деновиве на една седенка, меѓу пријатели  од кој едниот е матичен лекар, со амбуланта под концесија. Не сме се виделе одамна, па така разговорот тргна и кон политиката во здравството. Се променил човекот. Со силна поддршка на неколку луѓе од потесното семејство, мојот пријател тврди дека здравството сега доживува ренесанса. Го прашувам колкава му е платата,  односно колку остануваат за него од капитацијата која ја добива од фондот за неговите 800 пациенти кои ги згрижил.

„Па, откако ќе ги исплатам медицинската сестра и хигиеничарката, ќе платам кирија и други режиски трошоци, ми остануваат 10 до 11 000 денари“, ми вели. Го прашувам дали сака да работи за повеќе, лекар е, студирал шест години медицина. Да заработи на пример 1000 евра. Ме гледа зачудено. „Па, нема толку пари државата, мора така да биде“, ми одговара.

„Аха, нема пари државата. А, зошто твојата внука која беше првенец на генерација на Медицински факултет и нема партиска поддршка работи во една зафрлена амбуланта само во ноќна смена, работа која одвај ја најде по толку години? Само ја наведна главата.  И почнав да му редам  други прашања, кои очигледно никогаш не си ги поставил. Прашања на кои никогаш не побарал одговор.

Никогаш нема да можам да ги разберам таквите луѓе кои се помируваат со даденото. Луѓе кои се благодарни за шансата која ја им е дадена да живуркаат. И не сакаат да се промени ништо. Мазохисти кои сакаат да бидат понижувани.

И таквите  сега ќе  коментираат дека против природата и невремето никој не може ништо иако приградските канали и атмосферска канализација се комплетно запуштени. Дека здравството ни е закон, а економијата цвета. Да, ова е место на Балканот каде што политичарите си играат држава и внимаваат на свеста на граѓаните. За да не се разбудат од убавиот сон и да побараат одговорност од нив. Ова е држава или лакрдија?

загинати институции поплави
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.