Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, искажа поддршка за овогодинешниот евровизиски претставник на Македонија кој поради Бугарски пасош наиде на низа критики. Георгиевски нападите ги квалификува како шовинизам присутен кај одредени групи од македонскиот народ.
„Она што деновиве одредени групи од македонскиот народ му го прават на пејачот Васил Гарванлиев, одамна во општествените науки има своја дефиниција и се вика ШОВИНИЗАМ, напиша денеска на фејсбук Георгиевски.
Инаку, Гарванлиев вчера на јавноста и ги појасни деталите околу неговото бугарско државјанство, поради кое веќе неколку дена наназад е мета на напади. Порача дека тој е музички амбасадор и немал намера да повреди никого.
-Во музиката нема религија, политика, ориентација, раса или боја. Не се извинувам затоа што јас, сум јас. Немав избор околу тоа. Како и да е, ако сум повредил некого на било кој начин, од дното на моето срце, жал ми е. Простете ми – изјави струмичанецот, кој изминативе денови доби голема поддршка од неговите сограѓани, но и од поголем број на јавни личности.