Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ова не е приказна за бомбата за Павле

0
By Биљана Секуловска on May 18, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годината е 1947. Наредбата имала број- 201. Со неа била формиран Комесаријатот, или скратено К-5. Неговата мисија била да се воспостави мрежа, вистински чадор над сите, иако од почетоците се размислувало да се опфатат сите кои претставувале опасност за Источна Германија и морале да бидат надгледувани, прислушувани и контролирани.

Така започнува масовното прислушување на источно-германската полиција, која всушност била суб-единица на КГБ, силата врз која почивал Советскиот Сојуз.

Тоа е годината 1950. Штази, или Министерството за државна безбедност, има само една задача- да знае сè , за секого, затоа што секој станува опасност за новиот режим. Источна Германија тогаш има 16 милиони жители, од нив прислушувани се 6 милиони, за што се одвојува буџет од една милијарда долари. Штази брои 90.000 вработени, но таа бројка секако не е доволна за секој да биде третиран соодветно од службата- следен, прислушуван, сниман, уценуван, систематски уништуван. Затоа во машинеријата влегува армија на надворешни соработници, податоците говорат за 170.000 луѓе. Но, допрва следи неможноста да се избројат пипците на ова чудовиште- никој не ја знае бројката на неофицијалните информатори, тоа е веќе број кој и не може сериозно да се претпостави, сè до денес.

Унификацијата доаѓа четири децении подоцна, откако се формира Штази. Годината е 1990. Во тек е сега нова операција- за создавање на Агенција за снимките на Штази.

За време на последните денови на режимот, Штази се труди сè да уништи- со машини за сечење на хартија или со нивно палење. Тоа горење на документите во Ерфурт го забележува еден ден некоја жена, која видела темен облак над Штази. Дотогаш, само белиот чад ја прекривал оваа разузнавачка тврдина, како резултат на греењето на гас. Граѓаните ја окупират зградата на Штази и е повикан обвинител, кој формира Граѓански комитет за надгледување на работата на безбедносните структури, за подоцна и седиштето на Штази во Берлин, да биде окупирано од граѓаните.

Низ текот на годините, се собираат 15.000 торби материјал, или 33 милиони страници. Нивната заштита, да не бидат злоупотребени и објавувани, понекогаш не можела да биде целосно контролирана. Годината е 2009. Некои од новинарските истражувачки стории доведоа до ужасни сознанија- поранешни Штази разузнавачи сè уште активно работеле за новата безбедносна служба. Заради тоа следи донесување на закон- да нема пристап до Штази архивите ниту еден бивш Штази службеник, односно да не може сам, без присуство на службено лице, да пристапи до рафтовите на документите за прислушување.

Сега е 2019 година. Последната бомба за Павле Богоевски е само дел од операцијата “Повремено расфрлање на бомбите на Заев, сеедно што некои се и петарди” од страна на непознати извори, над кои ниту полицијата има макар мала, елементарна контрола, ниту обвинителството на Јовевски, ниту пак СЈО на Јанева. Овие архиви отвораат стари, изветвени прашања, над кои никој нема одговор, ниту начин да ги испорача.

Заев официјално до СЈО ја предаде архивата на прислушувањето од страна на  ВМРО-ДПМНЕ, според истрагата на СЈО-смислено, иницирано и раководено од главните осомничени- Мијалков и Груевски.

Никој нема сознанија, информации, докази, кој сè   прислушувал дополнително, кој се навистина од ВМРО-ДПМНЕ, или можеби некои други лица може уште да поседуваaт не само една архива, не само онаа која сега е во СЈО, туку уште многу други, безброј, кој сè е способен и го има копчето да злоупотребува којзнае колку се архиви, во колку копии и низ чии се раце тие биле пренесувани, распрскувани и сеени. Сè додека и последното досие не заврши врз главата на единствениот преживеан граѓанин во оваа земја и не го струполи и него.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.