Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ова не е приказна за нашиот татко

0
By Биљана Секуловска on December 26, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доколку посакате повторно да влегувате во истражувања за удирањата во гради за големите или мали, македонски или бугарски корени, секако дека ќе налетате на секакви големи и мали документи, од кои со текот на времето ќе ви се сврти свеста.

Еден од нив е од 15 јануари, 1971, објавен на сајтот на ЦИА, со наслов “Македонскиот синдром- хроничната криза на југословенско-бугарските односи”.

Веројатно ќе прочитате се што и до сега знаевте за таа историја, која, како што пишува во документот, е прастара: “Историски, македонското прашање секогаш било живо само по себе, рефлектирајќи ги традиционалните балкански непријателства на бугарските и југословенски внатрешни барања, како и ветриштата кои преовладувале во источно-европската политичка арена”.

Генезата на денешните барања на Бугарија, кои Заев фино ги нарекува тврдења за татковство, во овој документ е одлично објаснета, со мали ситни зајадливи забелешки, како онаа- “многу бугарски влади оттогаш (Сан Стефано), продолжуваат да тврдат сопствеништво околу оваа провинција (Македонија), иако од 1878 Софија ја имала оваа земја во тотал- само четири години”.

Но, во тие соништа низ историјата за големи и плиткоумни држави и исто такви лидери, не преовладува ниту една појдовна точка за пресврт- космополитска гледна точка, првобитни навестувања за создавање на некаков идеален свет. Во тој свет, да се изродат само луѓе, кои никогаш не би прашувале на Балканот- “Чија е оваа песна”?

“Кога би можело, сите посакуваме да не постои воопшто историјата онаква каква што била запишувана, што останала врежана во колективната меморија, чувана низ архивите, запаметена низ сликите, препеана низ песните, читана низ романите.

Да немало историја на окупации, поробувања, асимилации, протерувања, бегалци, тоа би бил нашиот идеален свет.

Да може да се случи сè да започне од почеток- повторно да проодуваме, кревки, слаби и наивни, настанати од праматерија искреирана од лабараториски спој на идеална ДНК, за никогаш да не дознаеме дека Балканов низ вековите наназад ќе стане колективна гробница на безумните и крволочните.

Кога би било можно, зарем не сакаме никогаш да не сме осознале дека постојат милион сценарија светот дека можел да стане избезумен, да немаме претстава дека мапите можело да се исцртуваат само со крв, солзи и зла, дека ќе се појават многу зли пци препознаени низ историјата на човештвото.

Кога би можело историјата да се врати на Балканот, вековите да изгледаат поинаку, секако дека сите би го посакале тој поинаков свет.

Да немало никогаш граници, ниту пак религии кои нè делеле, ниту да се случило ѕвецкањето со оружјето, да можело да бидеме поинакви од она што сме станале низ вековите.

Кога би можело, тој свет би бил она што вреди да се живее- никој од нас да немал потреба од борци, од херои, кои денес ги славиме- да немало поробувања, војни, окупации, асимилации, денес никој немаше да ги бара нивните коски и да слави празници за ослободувања, зарем не?

Во меѓувреме, сепак, нешто и сме добиле ние тука, на Балканот- се сочувувале и претопувале, се испреплетувале  до совршенство културите, традициите, обичаите, јазиците. Тоа еднаш мора да го признаеме.

Кога би можело, секако дека најдобро би било соништата да ни станале заеднички. Да сфатиме дека вечното прашање “Чија е оваа песна” е- бесмислено и едноставно смешно, затоа што не води никаде, освен во празно, пусто губење време.

Во многу од песните што денес се пеат низ балканските земји, секој давал свој придонес во буква, слог, ритам, нијанса која станува иста и поинаква во исто време. Таа станала своја и сечија и нечија и повторно своја, да го признаеме еднаш и тоа.

Сите ние- Србите, Албанците, Грците, Бугарите- и ние Македонците, зарем не знаеме дека сме можеле поинаку? Зарем сега, од денес нека биде- зарем не можеме навистина да објавиме дека конечно сме научиле да станеме поинакви, подобри и поголеми?”

Oвој последен текст, иако го имам напишано пред една година, не е променет ниту со една мала запирка, на поместување. Освен можеби идејата која треба да созрее кај Заев, дека оваа земја мора да се помести од умртвена и млитава точка, во која иднината ќе се гледа преку развој на оваа држава. Дигиталните документи кои ги објавува ЦИА можат да му кликнат на Заев- за некој подобар, поголем свет, во кој иднината на земјава може да се гледа само преку развојот на дигиталната технологија, како водечка економска сила во која се вложува, се напреднува и се црпи богатството. Тука може да се впрегнат најдобрите експерти, паралелно увезувани и од странство, кои ќе докажат дека барањето на татковства води само кон потрага по глупоста, од која никогаш нема да се ослободиме, ако не дознаеме дека надвор има подобар и поголем свет, многу повеличенствен од нашиот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.