Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Оваа недела лекот „Ивермектин“ во аптеките и во болниците

0
By Нова ТВ on January 4, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Антипаразитскиот медикамент Ивермектин се очекува во текот на оваа недела да се најде во македонските аптеки и болници, што според многумина експерти е нова надеж во лекувањето на болните од корона вирусот, се до пристигнувањето на вакцината.

Интервентниот увоз следува откако пред крајот на годината до Агенцијата за лекови МАЛМЕД пристигнаа барања за набавка на Ивермектинот од страна на некои веледрогерии и здравствени установи каде се лекуваат болните од Ковид-19. Неколку дена подоцна, како што за Фактор тогаш потврди првиот човек на МАЛМЕД, Лирим Шабани, Агенцијата за лекови ги издаде потребните одобренија.

Тој посочи и дека по издавање на одобренијата за интервентен увоз, болниците и веледрогериите ќе може да направат нарачки за одредени количества да увезат во Македонија.

-Дали тоа ќе биде од Турција, Грција или Бугарија, останува избор на веледрогериите и болниците, потврди Шабани за Фактор на само еден ден пред крајот на 2020.

Инаку, според микробиологот, д-р. Никола Пановски, во неодамнешна изјава за Фактор појаснува дека станува збор за лек кој постои од самиот почеток на 80-тите години на 20 век и кој е пред сè наменет за дејство против паразитите кај животните, но и кај луѓето.

– Клиничките студии покажуваат дека има ефект во сите фази на болеста. Оние што не се болни го пијат превентивно и не се разболуваат, оние кои имале контакт исто така, болните со лесна клиничка слика, па дури е користен и кај пациенти кои болнички се третираат. Значи во сите фази и студиите покажуваат дека има одличен ефект. Освен тоа станува збор за навистина многу ефтин лек, рече Пановски за Фактор.

Пред да биде одобрен интервентниот увоз на Ивермектинот во Македонија, сосема слично како и за антивирусниот лек Фавипиравир, граѓаните на социјалните мрежи бараа начини како да го набават за себе или за свои блиски заразени со Ковид-19.

извор: фаткор.мк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.