Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ го отвора 44. Млад отворен театар

0
By Нова ТВ on September 13, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Младинскиот културен центар вечер од 20 часот ќе биде отворен 44. Млад отворен театар со македонска премиера на уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски, кој летово ја освои главната награда „Златна трига“ на 14. Прашко квадриенале за перформанс, дизајн и простор.

Проектот е составен од три дела (перформанс со актерката Кристина Леловац, кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација), а предмет на проектот е Железничката зграда во Скопје како симбол на заедништво и солидарност.

Се работи за станбената зграда спроти Градежниот факултет која била градена од 1934 до1946 како периметарски блок за колективно живеење на вработените во Железницата на Југославија. Зградата, во која сега има 74 станови, на времето имала и сопствено кино каде што филмови заедно гледале и до 400 деца. Идејата за проектот што во 2015  почна на иницијатива на здружението Факултет за работи што не се учат е да се зачуваат од заборав и игнорирање трагите од некогашното заедништво и да се нагласи и зачува значењето на јавното и јавниот простор.

Железничката зграда на годинашниот МОТ ќе биде промовирана и како нова  сцена, каде што до крајот на фестивалот (21 септември) ќе има два настана – хрватската претстава „Сè е во парите“ и работилницата „Orbis pictus – Оди и види“.

Проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ќе биде уште двапати изведен на МОТ – на 15 септември од 12 часот и на 16 септември од 18 часот. Потоа  ќе гостува во Нови Сад, во придружната програма на БИТЕФ.

На првата фестивалска вечер на програмата на МОТ е и македонско-словенечката претстава „Девојчето со жиците“ која од 22 часот ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет. Се работи за драма-опера напишана од Марјан Неќак, Маја Хрговиќ и Ана Бунтеска – за виолинистка која патува со воз низ Европа.

–  Референцата по Андерсеновата „Девојчето со кибритчиња“ е на повеќе нивоа. Нестабилната економска ситуација, комплицираниот однос со неуспешниот татко, потрагата да се најде своето место во модерна Европа, постепено прераснува во позиција на социјална ексклузија зацврстена со бодликава жица, ѕидови и генерални рестрикции – приказната е потсетник на позицијата на многу надарени индивидуалци, кои во моментов бараат засолниште за целосно да ги развијат своите потенцијали…, наведува МОТ во најавата на претставата.

На 44. Млад отворен театар ќе има шеснаесет претстави, од кои осум се гостински, како и пет придружни настани. Покрај на шест сцени во Скопје (МКЦ, НОБ, Кино Култура, Железничка зграда, Драмски театрар и Театар Комедија), една претстава ќе се игра на сцената на театарот „Џинот“ во Велес.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

ВЕСТИ October 7, 2025

Весниотк „Израел Хајом“  објави документ од 21 кој страница открива детален план за воспоставување меѓународна…

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.