Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување

0
By Marija Todorovska on February 18, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во јануари се овчите сипаници со вкупно 543 пријавени лица. Во однос на претходниот месец, декември, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 47,0 отсто, додека во однос на јануари 2024 се регистрира намалување за 39,9 проценти, покажуваат податоците од извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања во државава претходниот месец.

Во текот на јануари пријавени биле вкупно 841 заболено лице од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 45,8 на 100.000 жители. Во текот на месец јануари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 48,1 отсто во однос на претходниот месец, декември.

-Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се шест заболени лица и тоа пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б и два случаи на инфекција со хламидија, се наведува во извештајот.

Во јануари пријавени биле три случаи потврдени на ХИВ, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 39 години.

-Во Република Северна Македонија во текот на месец јануари, пријавени се вкупно 20 случаи на Ковид-19. Во однос на претходниот месец, декември, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 3,3 пати. Во однос на месец јануари 2024 се регистрира намалување за 89,3 проценти. Од заболените во јануари 2025, најголем број се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кратово. Во текот на месецот, регистрирано е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Од Ковид-19 заболените, девет лица се од возрасната група над 60 години, четири лица од 40 до 49 години, три од 50 до 59 години и по две лица од 20 до 29 години и 30 до 39 години, пишува во извештајот на Институтот.

Во текот на јануари, пријавени биле два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59-77 години од Скопје и Свети Николе кои биле хоспитализирани во КИБФС и КБ Штип. Кај починатите лица било утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип.

Од почетокот на сезоната 2024/25, заклучно со петта недела од 2025, во државава пријавени биле вкупно 8.734 случаи на грип – заболувања што личат на грипот.

ИЈЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.