Тони Дескоски: Во правниот систем постојат правила што им даваат надлежност на органите за вршење на избор и именување на лица на функции. Но, во истите тие акти понекогаш е дефиниран и Предлагачот кој е овластен /надлежен да даде предлог за избор или именување на одредено лице на некоја функција. Без предлог од овластениот предлагач, рацете на органот надлежен за избор му се „врзани“, односно тој не може да врши избор или именување. Така на пример, според член 84 од Уставот, Претседателот на Републиката ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на државата во странство. Но, според член 91 од Уставот, Владата ја има надлежноста / овластувањето да предлага именување амбасадори и пратеници на државата во странство. Претседателот не може да постави никого за амбасадор, без предлог од Владата како овластен предлагач. Резиме: изборот без предлог од овластениот предлагач е ништовен.