Во групата која дејствувала во фалсификување на македонски патни исправи делувале овластени службени лица и контролори изјави вечерва на прес – конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според него секоја криминална група има врв, а оваа како што рече го достигнала својот. Македонската полиција ќе соработува со Интерпол за случајот, и ќе има детална истрага.
„Таму каде што се движел патот на овој криминал, секој еден кој е вмешан ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Спасовски.
На граѓаните им порача да бидат мирни бидејќи институциите на системот работат на случајот.