Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Овој простор им припаѓа на сите“ – групна изложба во Центар Јадро

0
By Marija Todorovska on June 25, 2025 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“, ќе се отвори во петок во 20 часот во Центар Јадро Скопје, се состои од дела на четворица млади уметници, кои за првпат се претставуваат заедно во ваков формат. Џемилиана Абдулова, Бурџу Мусли, Марко Печеновиќ и Харис Муриќ, иако секој со своја специфична поетика, во оваа изложба ги поврзува смелото истражување и експериментирање со интеркултурните, идентитетските, родовите и интердисциплинарните слоеви на современото, постмодерно општество.

Џемилиана Абдулова во своите дела се фокусира на ромскиот идентитет, Романипе, кој е ризница на обичаи, историјата и сè што ги прави Ромите свои и уникатни. Соочена со предизвикот како да го долови духот на една богата и разновидна култура каква што е ромската, таа во своите дела го користи артивистичкиот пристап, како моќна алатка со која паралелно се спротивставува на сите стереотипи и предрасуди, со коишто изобилува нашето патријархално и традиционално општество. Џемилиана Абдулова во својата досегашна уметничка практика изработила неколку експериментални видеа, илустраторка е на повеќе книги и авторка на делото “A Small Roma Memory Book”. Била дел од актерската екипа на Аматерскиот филмски фестивал „Скриени лица“, Романо ило и Ромаверзитас.

Темите што Бурџу Мусли ги избира во своите дела се длабоко поврзани со културата на жените од источните општества. Таа го истражува женскиот идентитет, перцепцијата на женската сексуалност и нејзиното разбирање во патријархалните општества. Таа често користи фолклорни и ориентални симболи, спојувајќи ја традицијата со модерноста. Оваа двојност создава богата нарација, која одекнува со минатите и сегашните борби на жените во овие региони. Бурџу Мусли е мултидисциплинарна уметница, финалистка на престижната награда „ДЕНЕС“, со две самостојни изложби на дигитални колажи кои обработуваат теми поврзани со правата и слободата на жените, особено во исламските култури. Се занимава и со фотографија, дизајнира костими и сценографија. Таа има намера да го интегрира танцот и телесниот израз во нејзината уметничка практика.

Харис Муриќ се претставува со селекција на постери што се дел од неговиот проект „When Do I Stop?“, во кој во текот на 2024 година креирал по еден плакат неделно. Овој негов концепт наликува на визуелен дневник, во кој тој ги рефлектира разните искуства и сензации од музиката, филмовите и литературата. Во циклусот „When Do I Stop?“, Харис ги комбинира вешто фотографијата, колажот, цртежот, типографијата и поезијата и преку нив ги продлабочува значењата и слоевитоста на постерот, надвор од границите на неговата комерцијална намена. Харис Муриќ е графички дизајнер и визуелен уметник со разновидна палета на уметничка експресија, која се простира од визуелни идентитети, до музички омоти, па сè до плакати. Она што го применува кај плакатот е љубовта кон музиката, поезијата, фотографијата и носталгијата, срочени во layout кој на сите заедно им дава смисла.

Марко Печеновиќ, во своите дела ги спојува цртежите, сликарските и текстуалните елементи со хаотична, слоевита естетика. Отуѓувањето, призрачните и распарчени форми зборуваат за постмодерната субјективност, фрагментацијата на себството и медиумски предизвиканата отуѓеност. Контрапунктирањето на религиозниот симболизам, медиумските фрагменти и насилната апстракција  во делата на Печеновиќ би можеле да се протолкуваат како коментар за пост-југословенскиот идентитет и траумата на современата балканска култура под глобално капиталистичко влијание. Марко Печеновиќ на алтернативната уметничка сцена е препознатлив како дел од неколку бендови и колективот „Гола планина“ како музичар, поет и визуелен уметник со постмодернистички сензибилитет.

Групната изложба „Овој простор им припаѓа на сите“ е дел од проектот „Интеркултурен хаб Скопје“ на ЗГ Есперанца Светски културен центар, Институтот за медиуми и аналитика ИМА и Центар Јадро Скопје. Во рамките на проектот, посебен фокус се става на културата на помалите заедници, како еден од најранливите и најзапоставените делови на културниот екосистем во земјата. Со години, уметниците што ја негуваат уметноста и културата на помалите заедници не добиваат доволно поддршка од надлежните министерства. Без соодветна поддршка, уметноста и културата на помалите заедници не може вистински да се развие. Тоа ја доведува во опасност не само различноста како еден од клучните столбови на современите културни политики препорачани од УНЕСКО, туку и мултикултуралноста како одлика и вредност на нашето општество. Со оваа изложба, КСП Центар-Јадро и проектните партнери сакаат да им дадат шанса на овие млади, но докажани уметници да се претстават посоодветно пред скопската публика.

Проектот е поддржан од програмата „Ваха 3: Враќање на јавните простори преку уметноста и културата во солидарност“. Ваха е Иницијатива на Анадолу култур и Зуса, финансирана од Фондацијата Меркатор и Европската културна фондација.

групна изложба Центар Јадро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.