Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациент со мозочен удар, гол и бос, среде ноќ избегал од клиника

0
By Менче Атанасова Точи on July 17, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Пациент кој бил хоспитализиран со крварење во мозокот поради мозочен удар, избегал во два часот по полноќ од Клиниката за неврологија, без никој да го забележи, тврди неговото семејство.

Станува збор за 76-годишниот Никола Николовски кој бил примен на Клиниката на 23 јуни, а на 3 јули откако паднал во кома бил префрлен на Клиниката за неврохирургија каде што по два дена починал.

Неговата ќерка Снежана Лазаревска е револтирана бидејќи на Клиниката не ја информирале што се случило критичната ноќ, туку за случајот дознала од клиничкото обезбедување. Таа тврди дека татко и бил пронајден на влезот на скопските клиники гол и бос, само со пелена на него.

Утредента, по случајот татко и го нашле прикован за кревет, врзан со завои. На Клиниката тврделе дека немало таква случка.

-Многу ми е тешко, револтирана сум и сакам да знам како можеле да дозволат да им избега пациент, а згора на се и да не го информираат семејството за тоа. Татко ми пред да се случи ова беше подвижен, стануваше, сакаше да си оди дома, изјави низ солзи Лазаревска.

Семејството на Николовски немаат забелешки на лекувањето, благодарни се на лекарите од Клиниката, но бараат одговорност и објаснување како можело да се случи, никој од дежурниот персонал да не забележи дека го нема пациентот во кревет.

-Што ќе се случеше да не го најдеа, или пак да го најдеа некаде на Водно, дали тогаш ќе ја кажеа вистината, вели Лазаревска.

Директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, тврди дека такво нешто не се случило на оваа клиника бидејќи случајот воопшто не е евидентиран.

-Такво нешто не може да се крие. Таков случај не е пријавен, ниту евидентиран од дежурните служби. Згора на се тој пациент не можел да стане бидејќи бил со крварење во мозокот, изјави за НОВА Кузмановски.

Со вакво тврдење Кузмановски излезе откако претходно најави дека ќе го испита случајот. Тој првично објасни дека немаат ноќна служба која ќе го ограничи движењето на болните, односно немаат вработен кој после 16 часот ќе стои на врата.

-Ноќните служби работат со над човечки напори, имаат многу интервенции, итни случаи. Вратата е постојано заклучена ноќе, но можно е во ситуација кога се носи итен случај и кога влегуваат многу луѓе од семејството, да се случи да излезе пациент. Ние ги врзуваме пациентите кои се непресметливи, конфузни, агресивни, стануваат од кревет бидејќи секое движење може да ја вложи нивната здравствена состојба, рече Кузмановски.

Тој додаде дека капацитетот е толкав што ноќе работат со двајца болничари и неколку медицински сестри, а на одделението каде што се најтешко болните има околу 60 кревети.

Минатата недела биле примени, две медицински сестри и двајца болничари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.