Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе се случи на 20-ти овој месец во Вашингтон.
Премиерот Христијан Мицкоски на 18. јануари ќе отпатува за САД. Но, на инаугурацијата ќе присуствува и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Претседателот на Собранието ја смета поканата како доказ за посветеноста на континуираната соработка со САД во сите области.
Во Вашингтон ќе престојува и Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците и министер за здравство. Овој настан, според Таравари, одразува важен чекор кон зајакнување на односите со САД. Според најавите, тој ќе има средби и со американски претставници и други земји.
Свое учество најави и лидерот на Алтернатива Зеќирија Ибрахими.
Билал Касами од Движењето БЕСА за медиуми потврди дека добил покана, но поради обврски немало да патува за Вашингтон.
Од кабинетот на претседателката на државата молк. Нема ниту потврда, ниту негација.