Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паднавме за 27 места на Шангајската листа: Со 0 инвестиции добро е што нè има, Србија инвестира 100 милиони евра годишно

0
By НОВА ТВ Mitreska on March 21, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските универзитети ги нема на Шангајската листа на најдобри 1.000 високо образовни инситуции во светот.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје се најде дури на 1.944-то место од вкупно 2.000 универзитети во светот,  што е за дури 27 места подолу  на рангирањето изработено од независната консултантска агенција Шангај ранкинг консултанс.

Првите места традиционално на листата на светски универзитети повторно ги освоија универзитетот Харвард (Harvard University, Стенфорд (Stanford University)  на второ место, на трето британскиот универзитет Кембриџ (University of Cambridge). Потоа следува технолошки институт во Масачусетс (Massachusetts Institute of Technology (MIT)) и универзитетот Беркли (University of California, Berkeley) на петтото место.

Универзитетот Харвард веќе дваесетина година по ред е на првото место на листата на која најмногу универзитети, по 55 имаат САД и Кина, додека на првите 50 места се универзитети од САД и Велика Британија.

Во Европа, по Кембриџ и Оксфорд, добро котираат и универзитетот во Лондон, Универзитетот Цирих, британскиот Империјал колеџ и Копенхашкиот универзитет.

Од универзитетите  во регионот, најдобро рангирани се Националниот универзитет во Атина, солунскиот „Аристотел“, Белградскиот универзитет како и универзитетот во Љубљана.

Зошто ги нема македонските универзитети на ранг-листата на најдобрите светски универзитети и зошто ни се случува овој голем пад од речиси триесетина места го прашавме деканот на Филозофскиот факултет професорот Ратко Дуев?

Нова ТВ побара реакција и од ректорот на скопскиот универзитет, Никола Јанкуловски, но во ректоратот ни рекоа дека тој денеска е отсутен и дека дополнително ќе одговорат на нашето прашање.

– Со нула инвестиции, добро е што не има на Шангајската листа. Кога немате инвестиции во научниот сектор, нема ни резултати. Србија инвестира 100 милиони евра годишно во Белградскиот универзитет, вели професорот Дуев и нагласува дека Филозофскиот факултет сам се бори да го одржи квалитет на наставата, но и да држи чекор со другите високообразовни институции.

Според професорот Дуев не треба да се заборави и фактот со недостиг од кадар со кој се соочува високото образование.
Конкретно, на Филозофскиот факултет од 2011 година досега заминале 33 професори, а се вработиле 20.

 Само во текот на 2022 година се вработени седум професори, но сепак во однос на тие што заминале излегува дека недостигаат уште13 професори.

– Универзитетот во Ниш, на катедрата по социологија на пример има 22 професори, а на Филозофскиот факултет во Скопје 10. Настрана што еден професор држи и по 8 предмети, објаснува професорот Дуев.

Во контекст на овие споредби со универзитетите во соседството кои котираат многу повисоко од скопскиот универзитет, професорот го наведува и податокот дека на пример професорите на Белградскиот универзитет имаат мотивација од плус една третина на платата, ако го исполниле условот што се зема предвид при рангирањето на Шангајската листа, како што е број на трудови објавени во врвните научни списанија Nature и Science кои носат 20% од вкупните поени при бодувањето како и бројот на трудови индексирани во Science Citation Index во претходната година, поготово ако се индексирани во Social Sciences Citation Index.

Секако, не треба да се запостави и фактот што во рангирањето влегуваат и научници што имаат добиено Нобелова награда или други врвни награди во нивната сфера на работа.

– Во тоа вреднување на пример на Белградскиот универзитет влегуваат нобеловци и од времето на Михајло Пупин, вели професорот Дуев.

Македонија може да се пофали со шест научници кои се најдоа на листата на топ 2%  во светот. Имињата на македонските научници Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се споменуваат меѓу 100.000 најдобри научници со светот, а вреднуван е не само нивниот професионален труд и достигнување, туку и импактот на нивната работа и трудовите коишто ги имаат објавено.

– Државата може да помогне, но и универзитетите треба да видат што може да направат, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски и најави средба со ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.
Според премиерот Ковачевски нашите универзитети треба да овозможат школување не само на домашни, туку и на странски студенти.

 – Универзитетите во нашата држава се независни во спроведувањето на своите образовни и истражувачки политики и секако од критериумите врз основа на коишто се прави оценувањето и од тоа што имаат сите универзитети поединечно направено зависи и рангирањето на самата Шангајската листа. Во однос на тоа дали државата може да помогне, да, може да помогне, рече премиерот додаваќи дека и самиот доаѓа од академската сфера.

Тој најави дека ќе одржи состанок со ректорот на УКИМ за да видат што може направат во однос на унапредувањето на работењето и истражувањето и секако во рангирањето на Шангајската листа.

Ковачевски истакна дека голем број наши талентирани студенти одат на универзитети во светот и секако дека напорот на нашата држава и на сите вклучени во сферата на образованието, посебно во високото образование, треба да биде и странски студенти да доаѓаат и да се школуваат на универзитетите во нашата држава.

Професорската фела, настрана од финансиската и кадровската независност на високообразовните институции порачува дека освен повеќе работа за да се подигне квалитетот на високото образование, очигледно е дека се потребни и сериозни инвестиции ако сакаме да  бидеме присутни барем меѓу најдобрите 20 универзитети на Балканот или меѓу најдобрите 1.000 на светските листи.

Стојанка Митреска
Универзитет Свети Кирил и Методија универзитети Шангајска листа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.