Популарноста на американскиот претседател Барак Обама никогаш не била толку ниска, покажуваат резултатите од истражувањето според кое мнозинството Американци претседателот го сметаат за нечесен и сметаат дека тој не ја оправдал низвната доверба.
Околу 54 проценти од Американците не ја одобруваат политиката на својот претседател во однос на 39 проценти кои го мислат обратното, покажува изтражувањето на гимназијата Квинипјак.
И неговиот предходник, Џорџ Буш, доживеа слична непопуралност во својот втор мандат. Се чини дека Обама “плаќа“ за лошото функционирање на здравствената реформа, популарно наречена Обамакер.
Застојот во стопанската реформа му донесоа загуба во довербата на Обама посебно меѓу женската популација. Имено само 40 проценти од жените ја одобруваат, а 51 процент се против рформата.
Истражувањето исто така покажува дека голем број на Американци се песимисти кога станува збор за последиците од Обамакер. Само 19% веруваат дека здравствениот систем ќе се подобри, а дури 43% сметаат дека ќе се влоши, додека 33% од испитаниците не очекуваат промени. Со истражувањето биле опфатени 2.545 лица, а истотот било спроведено од 6 до 11 ноември.

