Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пајаковата мрежа

0
By Биљана Секуловска on March 19, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе дојде следниот ден за оние уставни судии кои ден претходно изгласаа амнестија и аболиција за изборни криминалци, педофили. Секогаш доаѓа тој ден потоа.

Тоа е тој ден и кога животот е пократок за тие 24 часа, кои веќе поминале и не се враќаат. Е да, но нашите судии се ненаситни. Тие сакаат уште денови, многу денови, цела бесконечност за себе и за власта.

Затоа што овој ден, тогаш кога ја кренаа раката и тајно се согласија на рушење на цел систем, ја превртеа утробата на земјата и од неа излезе сега претседателот Иванов.

Погледнете го сега целиот расплет после официјализирањето на ова братство. Иванов вели дека не му паѓа на памет да амнестира изборни силеџии. Вратете го часовникот наназад и некоја бомба, оние ленти на прислушкувани разговори и ќе се поклопат сите коцки, за кои Иванов мисли дека сите тие (власта, тој, нивните судии) грижно ги сокриле. Тоа се разговорите за иницирање насилства пред изборите, патувањата од Скопје до Охрид, пресметките на бандите, пиштењата, вриштењата и сл.

Иванов токму и тоа го има на ум: маалските силеџии и деликвенти секако дека нема намера да ги амнестира, токму и тоа не му паѓа на ум, кога веќе говориме за габаритен државнички ум. Големите организатори на изборни фалсификати, доколку тие се докажат, односно само бидат осомничени од страна на Специјалното јавно обвинителство, би биле подложни на аболиција- од корен би се сосекла нивна одговорност.

Но, во меѓувреме претстојат разни операции на мрзеливо, но упорно обвиткување на пајаковата мрежа, во која еден по еден, влегуваат високи функционери на власта, а која започна со објавувањето на бомбите.

Со секоја опструкција на власта на Пржинскиот договор, следуваше ново поставување на пајаковите конци, од кои станува одамна невозможно да се отплеткаат.

Тогаш кога власта го потпиша 24 април за изборен ден, филигранскиот конец на пајакот го замота сосема Груевски. Политичката егзекуција на Груевски не е до крај ефектуирана, но неговото официјално исфрлање од премиерскиот трон беше најважната точка од пајаковата операција. Новиот потпис за избори на 5 јуни ќе биде следната тоалетна хартија (највулгарната метафора за политички договор, со која се насладуваше Илија Димовски, за на крај да ја доживее на своја кожа).

Шаховската игра на пајакот кој со месеци плете само еден конец подразбира сервирање на нови институции, нови обвинители, министри, датуми на власта, а последните подоцна сама ќе ги прогласи за неважечки.

Уставниот суд е еден тие шаховски потези- можеби на прв поглед изгледа крупна и катастрофална одлуката на оние судии, робови во тогите на Јустиција, како што ги нарекува Беса Арифи, но тоа е најдоброто решение, долгорочно решение за самоуништување на власта. Еднакво како што е и одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го прифатат извештајот на ДИК за спорни 500.000 гласачи на изборите.

Разни опции се во игра: отворање на постапка во Уставниот суд за укинување на Специјалното обвинителство, аболиции на функционери кои би ги покренал претседателот Иванов, обиди за повторно иницирање на меѓуетнички тензии, затоа што крстот мора биде поголем од орелот и обратно, обиди за братоубиствени судири, пресметки на “малите” и “големите” Македонци, итн., итн.

Секој нов обид за создавање на нови земјотреси од страна на власта, ќе биде ново освежување за пајакот, кој само рутински ќе ги затегнува и заплеткува новите мрежи. Заплеткувајќи ја, ќе ја потсетува власта дека така изгледа играта во која таа неприкосновено владееше, несвесна дека тоа беше начинот да создаде од себе политичко џуџе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.