Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пајковска: Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст

0
By Mirjana on January 24, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Потребно е да се дизајнираат и развијат сет на комплементарни политики и мерки од страна на релевантните владини институции, со цел да се зголеми потенцијалот на женското претприемништво. Проектот „Мерки за зајакнување на женските бизниси по Ковид-19“ кој го спроведува Центарот за управување со промени е поддржан од Balkan Trust for Democracy и имаше токму таква  цел да се идентификуваат последиците и предизвиците со кои се соочуваат жените претприемачки во услови на Ковид-19 и да се обезбеди целосна поддршка преку унапредување на постоечките бизнис практики, дигитализација на процесите и политиките на управување, воведување на онлајн продажба и маркетинг, истакна Јасна Пајковска од ЦУП на обуката за дигитален маркетинг која се одржа вчера и денеска во Охрид.

– Ние сакаме да се обезбедиме долгорочни решенија за раст и развој на женските бизниси како и предлог мерки за подобрување на владините програми насочени кон поддршка на компаниите во сопственост на жени. Идејата за спроведување на овој проект произлезе од воочените предизвици и проблеми со кои се соочија женските бизниси во текот на имплементирање на претходен проект во прекуграничниот регион на Полог и Елбасан, појаснува таа.

Пајковска вели дека потоа во соработка со општинските власти ги мапирале женските бизниси во Скопје, Битола и Охрид, а потоа контактирале и со стопанските комори како и организации кои работат во областа на женското претприемништво и врз основа на претходно воспоставени критериуми биле избрани 9 бизниси, по 3 од секој град.

Бизнисите кои се вклучени во менторската програма се од различни сектори и тоа: Физикална и кинезитерапија, производство на здрава храна, едукативен центар, производство на декоративни предмети за домот, филигранство, изработка на дизајнерски накит, рачни изработки од бакар, дрво и слично.

– А потоа беа спроведени и неколку индивидулни работилници согласно потребите за развој на секој од бизнисите. Значењето на дигитализацијата особено е зголемено во услови на пандемија кога контактите со клиенти се намалени или сведени на минимум, кога се практикува работа од дома и сл. Токму поради овие причини една од главните цели на проектот е да се воведат дигитализирани процеси кај женските бизниси, додава таа.

Пајковска вели дека претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст и вработеност кој треба да се активира, затоа стратегијата за развој на женското претприемништво треба да има за цел економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

 

ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.