НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палевски за заминувањето во Турција: Патував заради здравствени причини и посета на воен архив

0
By Marija Todorovska on April 14, 2025 ВЕСТИ
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Љупчо Палевски, обвинет за убиството на Вања и Панче денеска даде опис за неговото патување до Турција. Одговарајќи на прашањата од неговиот адвокат, Јовица Страшевски, потенцираше дека патувал до Турција на регуларен начин заради здравствени причини и лични интереси.

Заминав со регуларна патна исправа преку редовен премин, нагласи тој.

Посетата до Истанбул, според неговиот исказ, покрај снимање магнетна резонанца била и посета на воен архив.

Втора причина е посета на воен ахрив во Истанбул. Требаше да земам копија и доказ дека на 4 мај 1903 година во село Баница немало ниту еден аскер и дека Гоце Делчев не е убиен од турска војска, туку од врховистите. Третата причина зошто сум гледал карти од Минск и од Москва е мојата желба и намера да одам во Москва, но ниту сум букирал карта, ниту сум купил, туку мојата желба и намера не се реализирала, а на обвинителката многу добро ѝ е познато зошто. Јас требаше да одам во Москва од причина да земам копија од Новгородски ливчиња од јавната библиотека на Москва, рече тој.

Палевски истакна дека неговите активности, по враќањето од Турција, биле цел на лажни медиумски написи дека бил во бегство.

Тврдењето низ медиуми, а во суштина е тврдење на ОЈО кое брифира медиуми, дека јас сум во бегство е брутална лага, а дополнително, кога сме веќе кај ова патување, на судот и писмено се обратив утрово со поднесок, да ги издвои доказите од возилото Ренџ Ровер, струмички таблици, има врз него направено криминалистичко техничка обработка на 5 декември, возило со кое сум патувал од Белград до Турција, кое нема никаква врска за кривично правниот настан за кој се судиме, во кое се пронајдени единствени седум днк траги, ЈО во судот и во обвинителниот акт ги декларира дека се работи пронајдени на лице место и заедно со лопатата, канистри, јастуци од место на настан Дупки, заедно се ставени и овие е предмети кои немаат никаква врска со кривично правниот настан, туку мое патување шест дена после убиството на детево, од Белград до Истанбул, рече тој.

Сподели дека неговото пристигнување во Баликесир е на 2 декември, при што веднаш земал куќа под закуп со негово име и негова патна исправа.

После дознавањето дека сум осомничен, 3 декември, претрес на мојот дом, јас, утрето на 4ти, откако претходно истата вечер на 3 декември на Стефан Димковски му дадов пари за пат и му кажав да замине за Македонија веднаш, а и тој самиот планираше да замине ноќта на пат. На 4ти откако Стефан замина за Македонија, ја вратив картичката за интернет земена претходниот ден, ги вратив и клучевите од куќата иако беше платена за месец дена однапред, не ја искористив автобуската карта до Истанбул. Преспав и утрето заминав од куќата, отидов на бензиска пумпа во Баликесир за да размислам како и што треба да направам, отидов во пицерија во близина на бензинската пумпа во градот за да ручам и очекував секој момент да се појави полиција бидејќи на сите портали во Република Турција беше мојата слика, рече тој.

Сабајлето, како што дополни, на 5 декември по барање на ЈО на Баликесир бил однесен пред судот во Баликесир.

Ми беше прочитано за што сум осомничен. Бев прашан дали постои можност за мачење и убиство во Република Македонија. Од срам за сопствената држава, кажав дека не постои таква можност, да бидам мачен и убиен, бидејќи тоа е процедура кога ве прашуваат дали и како сакате да бидете екстрадиран, рече тој, дополнувајќи дека пуштил молба за побрза екстрадиција, затоа што, како што рече, „знам со кого си имам работа“.

Палевски ги изнесе своите ставови за работата на истражните органи и обвини за непочитување на неговите права при екстрадицијата и притворот. Тој, исто така, отфрли тврдења дека во екстрадицискиот притвор имал посети од влијателни личности, нарекувајќи ги „класични измислици.“

Негираше дека е тепан и малтретиран, при што ја пофали работата на затворската полиција. Рече и дека по рочиштето во декември 2024, на која ги издиктирал сериските броеви на оружјата при барање за изземање на јавното обвинителство, му бил направен претрес во ќелијата, шест пати.

Во врска со настанот од Демир Капија, рече дека е настан врзан за оваа постапка бидејќи таму се регистрирани моторолите од инспектор од Неготино.

Тоа е настан на кој ми е одземен пиштолот со дозвола, Walther P99, шест месеци пред убиствата на Панче и Вања. Но е многу важно затоа што инсистирањето и целата организација на тој настан е од Велибор Манев кој инсистираше, јас и Влатко Кешишев да сме внимавале, додека Велибор Манев и Боре Видевски проверуваат пештера која е во непосредна близина на реката Вардар во клисурата Демир Капија. Тогаш за прв и последен пат видов моторола која ја извади од автомобилот Велибор Манев, една ни даде на мене и на Влатко, кои останавме надвор, а втората ја понесоа со себе Велибор и Боре кога влегоа во пештерата да ја проверат. Сето ова што го кажувам е запишано во записник на полициската станица Неготино и е дел од листата на докази на ОЈО, еден од обвинителите акти, рече тој.

Палевски потенцираше дека овој настан е важен бидејќи времето на задржување на Демир Капија и на потпишување на, како што рече „некаков записник за одземање на оружје, идентично одговора на времето кога во 7:10 се гледаме на видеото на ОЈО кое го гледавме кога и пристигнавме од Неготино во Велес“, потенцирајќи, „со овој настан се утврдуваат три важни околности, време, мотороли, пиштол“.

 

екстрадација Палчо Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.