Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палм Спрингс – спокој за познатите

0
By on January 18, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ова монденско гратче се наоѓа околу 200 километри јужно од Лос Анџелес, и 230-тина километри североисточно од Сан Диего. Според последниот попис од 2010-та, таму живеат 45.000 жители, но бројката вртоглаво се менува за време на меѓународниот филмски фестивал.

Со сува клима, 300 сончеви денови во годината и просечна температура од 25 степени, Палм Спрингс е идеално место да уживате под сончевите зраци, но и во голф, коњички трки, возење велосипеди по планини или пак излети во пустината што почнува веднаш откако ќе заврши градот.

Околу 300 жители на Палм Спрингс се овековечени со ѕвезди на Патеката на славните во градот.

Палм Спрингс важи за популарно место за живеење на богатите и познатите од Холивуд, но и пензионирани Американци и Канаѓани. Туризмот е главен двигател на градската економија со 1,6 милиони посетители годишно, според стопанската комора на Палм Спрингс.

Посетителите имаат различни причини зошто доаѓаат во Палм Спрингс.

„Ноќниот живот и забавата во Палм Спрингс. Клубовите, но и меѓународниот филмски фестивал“, вели еден минувач.

„Планинарањето во националниот парк Дрвото Џошуа“, кажува друг.

„Добро место за бегство од Сан Диего, на само два часа со автомобил“, објаснува еден посетител.

„Луѓето се пријатни“, додава друг.

Еден брачен пар дошол заради меѓународниот филмски фестивал: „Доаѓаме 5-6 години по ред“, велат.

На 22-годишна возраст во 1949-та, токму во клуб во Палм Спрингс, беше „откриена“ Мерлин Монро, од каде почнува нејзината блескава кариера.

Уште пред Втората светска војна, Палм Спрингс важел за светска монденска населба, каде викендички имале Френк Синатра, Марлен Дитрих, Боб Хоуп, Лорета Јанг. Трендот продолжува и денес – тука прибежиште од папараците најдоа Леонардо ди Каприо, Хали Бери, Гвен Стефани, на само два часа од Холивуд. Друштво им прават бројни европски тајкуни кои уживаат во бескрајните сончеви зраци и спокојот – среде пустината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
ФОКУС

Протече мировниот план на Трамп, Украина треба да отстапува територии, па следат избори за 100 дена

ВЕСТИ November 22, 2025

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко го објави мировниот план на Трамп, во кој се наведува дека…

Самитот на Г20 започна во сенка на бојкотот на САД и тензиите во Украина

November 22, 2025

Зеленски со драматичен говор: Ова се најтешките моменти во нашата историја

November 21, 2025

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна

November 21, 2025
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.