Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палм Спрингс – спокој за познатите

0
By on January 18, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 18, 2013 18:26


Ова монденско гратче се наоѓа околу 200 километри јужно од Лос Анџелес, и 230-тина километри североисточно од Сан Диего. Според последниот попис од 2010-та, таму живеат 45.000 жители, но бројката вртоглаво се менува за време на меѓународниот филмски фестивал.

Со сува клима, 300 сончеви денови во годината и просечна температура од 25 степени, Палм Спрингс е идеално место да уживате под сончевите зраци, но и во голф, коњички трки, возење велосипеди по планини или пак излети во пустината што почнува веднаш откако ќе заврши градот.

Околу 300 жители на Палм Спрингс се овековечени со ѕвезди на Патеката на славните во градот.

Палм Спрингс важи за популарно место за живеење на богатите и познатите од Холивуд, но и пензионирани Американци и Канаѓани. Туризмот е главен двигател на градската економија со 1,6 милиони посетители годишно, според стопанската комора на Палм Спрингс.

Посетителите имаат различни причини зошто доаѓаат во Палм Спрингс.

„Ноќниот живот и забавата во Палм Спрингс. Клубовите, но и меѓународниот филмски фестивал“, вели еден минувач.

„Планинарањето во националниот парк Дрвото Џошуа“, кажува друг.

„Добро место за бегство од Сан Диего, на само два часа со автомобил“, објаснува еден посетител.

„Луѓето се пријатни“, додава друг.

Еден брачен пар дошол заради меѓународниот филмски фестивал: „Доаѓаме 5-6 години по ред“, велат.

На 22-годишна возраст во 1949-та, токму во клуб во Палм Спрингс, беше „откриена“ Мерлин Монро, од каде почнува нејзината блескава кариера.

Уште пред Втората светска војна, Палм Спрингс важел за светска монденска населба, каде викендички имале Френк Синатра, Марлен Дитрих, Боб Хоуп, Лорета Јанг. Трендот продолжува и денес – тука прибежиште од папараците најдоа Леонардо ди Каприо, Хали Бери, Гвен Стефани, на само два часа од Холивуд. Друштво им прават бројни европски тајкуни кои уживаат во бескрајните сончеви зраци и спокојот – среде пустината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.