Денеска се навршуваат 15 години од погребението на Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска, а се смета за еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, објавува kumanovonews.
Говор за неговиот живот и дело одржа претседателот на општинскиот комитет Мирослав Стојановски.
Драган Богдановски е роден во селото Клечовце, 1929 година во земјоделско семејство.Умира на 31 мај 1998 година во воз на пат од Шведска во Германија. Погребан е во присуство на семејството и најблиските во Куманово на 1 август на градските гробишта во Куманово.