Крстомир Пантиќ и Оливер Ивановиќ во вториот круг во изборите за градоначалник на Косовска Митровица, соопшти ЦИК. Иако засега има стотина гласа повеќе, Пантиќ вели дека не е сигурен дали ќе ги прифати резултатите од изборите бидејќи станува збор за „прекроена волја на граѓаните“.
– Не сум сигурен дека Оливер Ивановиќ е искрен кога вели дека сака да формира коалиција со „Српском“, изјави Пантиќ претходно.
Тој изјави дека не е човек кој Албанците ќе ги доведе на власт во Митровица, по што Ивановиќ ги негираше таквите обвинувања.
„Ако бидам во прилика, прво ќе разговарам со „Српском“ но не онаа на Пантиќ туку на Вучиќ“, нагласи Ивановиќ за РТС.