Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папајоану: Особено важно e перспективата на Западен Балкан да остане на маса на ЕУ

0
By Нова ТВ on April 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За нас, особено важно е европската перспектива на земјите од Западен Балкан да остане на маса во Европската унија, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој објасни дека, доколку денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ беше со физичко присуство, а не преку видеоконференција, било планирано да се одржи работен појадок во организација на Грција, со учество на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Албанија, а потоа да следи и стратешки разговор на ниво на ЕУ за Западен Балкан, нешто што веројатно ќе се одржи во мај, на следниот совет за надворешни работи.

Во однос на најавата од Белград пред две седмици, по средбата на шефовите на српската и грчката дипломатија за одржување трилатерална средба Грција- Северна Македонија- Србија на Крф, портпаролот на грчкото МНР рече дека засега нема одреден датум за одржување, но е нешто кое е започнато и изрази надеж дека ќе биде што е можно поскоро, секако во зависност и од условите наметнати од пандемијата.

За написите во медиумите за наводниот нон пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, Папајоану, рече дека нема да го коментира и ги повтори позициите на шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изразени како при посетите на Сараево и Белград, така и на средбата со неговиот хрватски колега, дека Грција поддржува стабилност на Босна и Херцеговина, како и европската перспектива на земјата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.