Германската канцеларка Ангела Меркел денеска беше примена на аудиенција од поглаварот на Римокатоличката црква Франциско.
За време на 45 минутната средба Меркел и папата разговарале за прашања поврзани со верата, глобализацијата и улогата на Европа во светот.
Папата Франциско ја осуди „тиранијата“ на пазарите и побара финансиски реформи, проследени од поголема помош за сиромашните. Тој истакна дека „парите треба да им користат на луѓето, а не да ги раководат“, додека пак Меркел по средбата изјави дека економијата треба да биде во функција на луѓето.
Како што истакна Меркел, папата Франциско јасно ставил до знаење дека Европа му е потребна на светот.
Посетата на Меркел не беше најавена.