Над 200.000 верници се собраа денеска на плоштадот Свети Петар во Ватикан на мисата што ја држеше поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско по повод празникот Св. Троица.
Папата пред верниците призна дека понекогаш спие додека се моли на крајот од денот.
-Понекогаш заспивам од умор на крајот на денот, но Господ тоа го разбира истакна папата во разговор со учениците на големиот меѓународен собир на католичките здруженија на плоштадот Свети Петар.
Претставниците на католичките здруженија и останатите верници неколку пати го прекинаа неговото обраќање со чести аплаузи.