Папата Франциск во отворено писмо до католичките епископи во САД остро го критикуваше планот на американскиот претседател Доналд Трамп за депортација на милиони мигранти. Западните медиуми посочуваат дека вакво директно писмо од папата до верниците е реткост.
Папата, кој претходно го нарече планот „срамота“, во писмото нагласува дека е неправедно да се сметаат сите мигранти без документи за криминалци.
Ги повикувам сите верници во Католичката црква да не подлегнуваат на пораки кои дискриминираат и предизвикуваат непотребни страдања кај нашите браќа и сестри – мигрантите и бегалците“, пишува папата.
Франциск, кој е папа од 2013 година, долго ја критикува имиграциската политика на Трамп. Во 2016 година, за време на првата кампања на Трамп во Белата куќа, папата рече дека Трамп „не е христијанин“ во неговите ставови за имиграцијата.
Во своето денешно писмо, папата ја нарече акцијата за имиграција „голема криза“ за САД.
Она што се гради врз основа на сила, а не на вистината за еднаквото достоинство на секој човек, почнува лошо и лошо ќе заврши, порача тој.