Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Папата започнува канонизација на таткото на модерната ЕУ, Роберт Шуман

0
By Biljana on June 20, 2021 СВЕТ
Фото: Reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Папата Франциск го става францускиот државник Роберт Шуман, еден од основачите на модерна Европа, на патот кон канонизација во Римокатоличката црква, пренесува Би-Би-Си.

Ватикан соопшти дека папата го одобрил указот за признавање на „херојските доблести“ на Шуман, рана фаза во долгиот процес што може да доведе до канонизација.

Шуман, кој почина во 1963 година, беше клучен за создавањето на денешните европски институции.

Неколку папи ја пофалија улогата на Шуман, побожен католик, во обидот да се прекине циклусот на војни во Европа. Указот значи дека тој веќе ја има титулата „преподобен“ во Црквата.

Роден во Луксембург во 1886 година и натурализиран како француски државјанин, тој беше уапсен од Гестапо по германската окупација на Франција во 1940 година, но успеа да избега и продолжи да живее во скривалиште до крајот на Втората светска војна.

Во повоениот период, Шуман беше премиер и министер за надворешни работи на Франција. Во 1950 година, тој предложи ресурсите на јаглен и челик да се обединат меѓу европските земји како начин да се избегнат конфликти во иднина. Планот стана познат како Декларацијата на Шуман, а денот кога беше објавен, 9 мај, се слави како Ден на Европа.

Шестте основачи – Франција, Западна Германија, Италија, Белгија, Луксембург и Холандија – го потпишаа Парискиот договор, создавајќи ја Европската заедница за јаглен и челик. Се развиваше, за во 1957 година да стане Европска економска заедница и конечно Европска унија во 1993 година.

Тој, исто така, одигра клучна улога во основањето на НАТО, Северноатлантската организација, во 1949 година и служеше како прв претседател на претходникот на сегашниот Европски парламент во 1958 година. Кога поднесе оставка поради лошо здравје, ја доби титулата татко на Европа, потсетува Би-Би-Си.

.Во 2004 година кампањата за канонизација на Шуман пропадна затоа што организаторите не собраа докази дека тој направил чудо.

Ватикан Папа Франциск Роберт Шуман
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.