Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парадоксот на Сноуден

0
By Нова ТВ on July 29, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Јулија Латињина

Едвард Сноуден, принципиелниот борец за моралот и примената на електрониката, побегна од крвавиот американски режим кој ги прислушкува своите граѓани, и побара политички азил во Русија.

Додека го читате ова, во градот Киров се одвива судскиот процес против рускиот опозиционен лидер Алексеј Навални. Помеѓу другите „доказни“ материјали за кои се терети Налавни, на судењето може да се слушне и снимен телефонски разговор на обвинетиот. А тие разговори не само што се снимени без одлука и налог на судот, туку се направени уште пред Навални да стане лидер на опозицијата. Така ФСБ без ни малку срам јавно потврди дека и во Русија сите се преслушкуваат.

Во Екатаринбург се одвива уште еден процес. Таму и се суди на Аксана Панова, поранешната сопственичка на најголемата информативна агенција на Урал, Ура.ру. Имено, целата ситуација се создаде кога влијателната и убава новинарка одби да одговори на страсните додворувања на гувернерот на областа, Евгениј Кујвашев.

Во овој процес, улогата на прислушкувањето не се манифестира во отворена форма, но тоа воопшто не значи дека ова е помалку значајно. Би се рекло дури и дека е пресудно, бидејќи разумно е да се претпостави дека телефонските разговори на Панова со нејзиниот партнер Ројзман, биле прислушкувани деноноќно.

Штом преку нејзиниот телефон се слушна дека е бремена, практично следниот ден против неа е покрената кривична пријава. Освен тоа, со фактот што несреќната жена, истражните органи за време на истрагата ја испитуваа по неколку пати дневно, таа после некое време го изгуби и детето – оваа тажна вест исто така ја соопшти преку телефонот. Не помина ни пола час, ја побараа на телефон и ја прашаа „Вистина ли е?“

Но тоа не е се! Додека се припремаше судската постапка против Панова, на другиот крај од Екатаринбург по еден сосема друг предмет, уапсен е најмен убиец. Во неговиот стан е пронајдена листа со телефонски разговори и останати материјали околу гонењето на Панова и Ројзман.

И немојте да помислите дека тоа е нешто необично. На пример, за време на истрагата на убиството на Ана Политковска, јавноста дозна дека „Линијашите“, официјалната московска полиција, хонорарно работела со убијците. Тие во своето работно време, користејќи службени автомобили, ја следеле евентуалната цел, а потоа на најмените убијци им ги предавала податоците. Во една прилика, еден најмен убиец дури почнал да пука додека бил во службеното возило на полицаецот со кој соработувал.

Од држава во која висок функционер, бидејќи девојка му „фрлила корпа“, го прислушкува нејзиниот телефон и телефонот на нејзините пријатели – информации кои завршиле во рацете на изнајмен убиец, во која прислушкуваните разговори на лидерот на опозицијата се објавени на интернет, во која припадниците на полицијата за одреден хонорар ги следат разговорите на бизнисмените…е, од таква држава поранешниот соработник на тајните служби Едвард Сноуден, бегајќи од страшните, ужасни и крвави Соединети Американски Држави, побара политички азил.

И што да се каже? Ако тој инфантилен и неопитен Сноуден навистина сакаше да стане херој, подобро би му било веднаш да се врати во Америка. Таму не би умрел од распетие. Би ги добил своите 10 години, би одлежал максимум пет и тоа би било се.

Но Сноуден посака да биде распнат на крст, да стане првиот виртуелен Исус. И сега му следуваат не пет години затвор во САД, туку цел живот на гости кај ФСБ.

Не се сомневам дека Сноуден во последните месец дена сепак дозна како изгледа права контрола – тотална контрола. Тоа е кога живееш во колибата на ФСБ и кога немаш право да кажеш каде живееш. Тоа е кога немаш никаква контрола над своето движење, ниту над своето однесување. Тоа е кога старателот ти диктира разни глупости, а ти мораш од збор до збор да ги повторуваш.

Тоа е кога те тераат 30 минути да се дружиш со еден куп псевдо-заштитници на човековите права, да се сликаш со нив, и потоа, доста беше народе – чао. И како што гледаме, господин Сноуден не се брза да ни открие како оваа права контрола изгледа. Наместо тоа, тој гласно го изговара она што неговите старатели саакат да се слушне.

По мое мислење, Владимир Путин на Америка (сосема ненамерно) и го даде најубавиот можен поклон. Тој дефинитивно го дискредитираше Сноуден. Тој на целиот свет му покажа како се однесува инфантилниот неспретник кој мечтае за огромна слава, али не под услов за борба со крвожедната Америка, туку под услов кога навистина има од што да се плаши.

извор: prescanik.net

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.