ДНК трагата беше она што ги „откочи“ истрагите и доведе до сторителите на грабежот во Лувр, што резултираше со апсење на двајца од нив во саботата навечер.
Според BFMTV, повикувајќи се на извор близок до истрагата, еден од двајцата осомничени бил идентификуван благодарение на „одлучувачка ДНК-трага“ на местото на грабежот.
Откако беше извршен „грабежот на векот“, форензичката полиција го пребаруваше подрачјето за какви било можни траги. Париската обвинителка Лоре Беко изјави вчера дека од местото на настанот се собрани „повеќе од 150 примероци од ДНК, отпечатоци од прсти и други траги“.
Шефицата на форензичката полиција, Перин Рогиез-Тубер, изјави за BFMTV дека истражителите работат или со „богати“ траги, како што се крв, плунка или сперма, или со „лоши“ траги, т.е. траги од контакт со ДНК на предмети што осомничениот можеби ги допрел.
Во музејот Лувр, сторителите оставиле зад себе неколку предмети што би можеле да содржат траги, како што се кацига, рачно радио, жолт елек и две тркала за сечење метал.
Во овие случаи, по собирањето на примероците од ДНК, тие се анализираат и обработуваат во лабораторија. Таму, истражувачите го добиваат генотипот, или генетскиот профил на поединецот.
Операцијата била забрзана кога еден осомничен се обидел да избега.
Како дел од ДНК тестовите, еден од двајцата осомничени беше идентификуван, а потоа и уапсен. Двајцата уапсени мажи се на возраст од околу 30 години и двајцата доаѓаат од Обервилје. Нивната точна улога во грабежот сè уште не е позната, но тие се сметаат за „главни осомничени“.
Обервилје е северно предградие на Париз и припаѓа на департманот Сен Дени. Областа е густо населена, со работници, имигранти, но и млади уметници и студенти.
Еден од двајцата осомничени, кој според францускиот весник „Ле Монд“ има француско и алжирско државјанство, бил уапсен на аеродромот Роаси-Шарл де Гол додека се подготвувал да замине за Алжир. Другото уапсено лице има француско државјанство.
Полицијата веќе била покрај осомничените, со надеж дека ќе го идентификува пленот и нивните соучесници. Сепак, операцијата била забрзана кога сфатиле дека еден од двајцата имал намера да избега. Осумте царски скапоцености, во вредност од околу 88 милиони евра, сè уште не се пронајдени.

