150.000 демонстранти маршираат во Париз против новиот закон во Франција, со кој се дозволуваат истополови бракови, во услови на големо присуство на полицијата, јавува Би-Би-Си.
Протестите се против законот потпишан неодамна од страна претседател Франсоа Оланд , по жестоки дебати не само во Парламентот, туку и во целото општество.
Официјални лица предупредија дека тврдокорните струи би можеле да се инфилтрираат на митингот, но нема извештаи за насилство досега.
Педесет демонстранти беа уапсени во саботата вечер за блокирање на славната Шанзелизе авенија.
Франција сега е деветта земја во Европа и 14-та на глобално ниво, која ги легализира хомосексуалните бракови.
Но францускиот народ е жестоко поделен околу ова прашање. Во вторникот, екстремно десничарски историчар се застрела во Катедралата Нотр Дам, по што оставаи пораки во кои ги осуди хомосексуалните бракови.