Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарците добија 123 маици “Слобода за Кежо”

0
By Нова ТВ on July 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


123 маички со натпис “Слобода за Кежо” денеска беа предадени во Собранието, односно во Архивот, од страна на Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски.

-Овие маички ги оставивме во Собранието, да и бидат дадени на секоја парламентарна група и се надеваме дека пратениците ќе ги облечат во понеделни, во знак на протест и поддршка на нашата заложба за укинување на притворот но и во име на борба за слободата на изразување и слободата на медиумите, во време кога функционирањето на системот е сериозно ставен под прашање. Сметаме дека Собранието како храм на демократијата и дом на граѓаните треба прво да застане во одбрана на овие слободи, изјави Сашка Цветковска од Иницијативниот одбор.

Според некои најави, судењето за новинарот на „Нова Македонија“ Кежаровски, ќе се одвива по итна постапка.

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, за „Утрински весник“ изјавил дека имајќи ги предвид сите случувања изминативе денови и штрајкот со глад на новинарот Кежаровски, судењето ќе почне во многу скоро време и нема да се чека до септември:

-Судењето ќе почне летово по итна постапка и на него ќе бидат презентирани сите докази од обвинението кои беа поднесени деновиве, вели Панчевски.

Кежаровски беше приведен пред повеќе од два месеци и се наоѓа во притвор поради текст објавен пред пет години, за обвинение декаго разоткрил идентитетот на заштитниот сведок во случајот со платеното убиство во велешкото село Ореше.

Според првиот човек на Кривичниот суд, станува збор за тешко кривично дело за кое е предвидена казна од минимум 4 години затвор.

Кежаровски е првиот новинар да биде притворен и да одговара за откривање идентитет на заштитен сведок. И покрај апелите на меѓународните и домашните медиумски организации и оние за човекови права, Кежаровски да биде пуштен во домашен притвор, засега таков епилог не се најавува од Судот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.