Парламентот во Кипар го одби предлогот на ЕУ и ММФ за оданочување на штедните влогови.
Револтот на Кипраните ја примора владата во Никозија да го промени предлогот за оданочување и да ги изземе влоговите помали од 20.000 евра од данокот.
Кипарскиот парламент со големо мнозинство гласови го одби предлогот за мерките на ЕУ и ММФ за оданочување на штедните влогови.
Од 56 пратеници „против“ гласаа 30, јавува агенцијата Ројтерс.
Предложените мерки се представени како услов за земјата да добие заем од 10 милијарди евра помош.