Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паско Кузман: Конкурсот за Калето е грешка

0
By on April 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 2 години и 3 месеци Управата за заштита на културно наследство го избра идејното решение за ревитализација на скопската тврдина Кале.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, Управата го избрала идејното решение на фирмата “Неимар“ во сопственост на архитектот Зоран Петров кој беше проектант и на Музејот на македонска борба.

Конкурсот беше објавен во февруари 2011 година, само неколку дена пред големите инциденти на Кале кои избувнаа поради најавите дека на скопската тврдина ќе се гради музеј -црква. Металната конструкција за таканарачената Црква – музеј, почна да се издигнува на темелите од средновековна црква од 14. век, а во неа се планираше да се изложуваат артефакти пронајдени на тврдината. Но, нејзината изградба беше прекината по инцидентите.

Нова ги праша надлежните што точно предвидува ревитализацијата и што ќе се гради на Калето.

Прв го побаравме директорот на Управата Паско Кузман кој за Нова изјави дека се работи за грешка на Бирото за јавни набавки.

-Немаме распишано таков конкурс, пред неколку години имавме започнато процес за конкурс за ревитализација, но сега приоритет ни се конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата на трите објекти каде што ќе бидат сместени музеите на праисторискиот, средновековниот и на отоманскиот период. Откако ќе заврши таа фаза, тогаш може да се зборува за ревитализација, вели Кузман.

Но, одговорниот за јавните набавки во Министерството за култура Саша Крстевски вели дека не се работи за грешка, туку директорот Кузман заборавил поради многубројните обврски.

-Директорот Кузман има многу обврски и веројатно заборавил дека има распишано ваков конкурс. Ние имаме законска обврска да ги објавиме резултатите во Бирото за јавни набавки. Конкурсот бил распишан 2011 година, а за резултатите било одлучено пред неколку месеци, вели Крстевски.

На конкурсот имало само два кандидати.

Инаку, Управата за заштита на културното наследство на 15 април објавила оглас за избор на компанија што ќе изведува конзервација, реставрација и реконструкција на Музејот на праисторискиот период на скопската тврдина Кале.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

ВЕСТИ October 21, 2025

Европските земји во соработка со Украина изработуваат предлог од 12 точки за запирање на војната,…

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.