Поради снежните врнежи од почетокот на месецов, селото Луковица во општина Желино сеуште е отсечено од остатокот од земјава. Снежните наноси некаде достигале и до еден метар. Потребно било да се исчисти патот во должина од 5,5 километри.
-Патот не е прооден. Денес разговарав со директорот на ЈКП Желино кажа дека ќе биде. Ќе го исчистат. Извршив контакт со градоначалникот кој кажа дека не знае ништо, ќе разговарал и ќе прател возило. Сакам да кажем дека најмногу не иритира локалниот пат од Групчин до Седларево, два пати е чистен, а нашиот дел не е, изјави Миле Сибиновски од месната заедница, јавува ТВ Алсат.
Во селото моментално живееле 45 луѓе.