Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патот на честа на судиите кој го одреди Наташа Габер

0
By Биљана Секуловска on February 27, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На општа жалост, не можам да се сетам на ниту едно име на судија во оваа земја, судија чии мислења и судови ги полнат весниците со цитати, судија кој би го потпишал делото на Емил Зола кој би рекол како него “Обвинувам”, судија кој во име на правдата и моралниот живот на својата земја, исто како Зола, би повикувал на спас на нацијата.

Низ годините имаше само едно име кое редовно го читавме, име на судија, судијка, да се поправам, која ги полнеше страниците на судските архиви, како и медиумските, скоро за секоја пресуда, како тоа да е нормално за оваа земја.

Во иднина, кога се ќе заврши со нас и којзнае каде сите ќе заминеме (со некои природно сме разделени затоа што не си припаѓаме ниту сега и не верувам дека некој би не зезнал во вечноста), тогаш кога некои други архивари ќе ги сортираат и гланцаат листовите на делата на некои нови судии, оваа судијка веќе ќе заврши во правните учебници, можеби ќе го добие некој правен факултет и нејзиното име, којзнае, можеби и младите правници ќе сонуваат за награда со нејзиниот лик.

Денес тоа не е случај и не ме зачудува. Името на Наташа Габер со гордост се споменува низ социјалните мрежи, најчесто меѓу нејзиното семејство, и тек-тук, некој млад активист, ми паѓа прво на памет името на Луми Бекири, кој со восхит го споменува нејзиното име, дури ми се чини понекогаш, дека честа да биде нечиј современик, во случајов со Габер е доволен потстрек за активистите и понатаму да се борат, па каде стигнале, макар и паѓале, како и сите ние, понекогаш, можеби пречесто.

Сега дали е добро што сите треба да добиеме мала амнезија, или како вели британскиот амбасадор Чарлс Гарет- што читам јас тоа? мислејќи на амнестијата која се бара за фалсификување на избори.

Но, сега дали е добро да ги заборавиме сите оние кои не се издвојувале, не го повисувале тонот, цвркотеле едно како од стомакот на власта да доаѓаат пресудите, а тие само како парталави кукли ги соопштуваат, мислеле сосема друго а чинеле силување на правдата, честа и моралните вредности.

Во случајот со барањето на некојси адвокат да се иницира расправа за амнестија на лажирање избори и тоа директно до Уставниот суд, Наташа Габер не е осамена. Зад неа застанаа колеги, кои инаку можам да се обложам, никогаш нема да помислат дека зад неа застанале, дека патот кон вечноста им е веќе разгазен од нивната колешка, но, добро. Понатаму е веќе и залудно да се дебатира и да им се објаснува. Она што е важно сега е дека уште тројца судии гласале против дебата за амнестија на изборни измами.

Околу амнезијата како изгледало мрачно минатото пред да се појават некои нови судии, говорев и во претходната колумна за случајот со Тортевски и судиите кои му шепнале дека не се согласуваат со нивните колеги, кога станува збор за притвори на бивши високи функционери за изборни измами. Се разбира дека ако се решите на амнестија тоа подразбира амнезија, ништо не смее да се заборави ниту прости, но- полето за борба е проширено, по којзнае кој пат Уелбек има право.

Секој бира на која страница од учебниците ќе заврши, иако и во нив со гумичка лесно се бришат крупни настани а се величаат детали, тоа е веројатно така, можеби секаде. Но, сега пак сетете се на архивите, на оние нови, млади архивари, тогаш кога ќе не нема и нема да има кој да зборува и кој да се сеќава. Архиварите од делата на Умберто Еко редовно губат по некој важен документ, забораваат дека без нив историјата е мртва, одеднаш ги пронаоѓаат, па ги замачкуваат со мастило несакајќи, но сепак се сепнуваат на време, скриени зад рафтовите почнуваат да ги пеглаат со дланките, грижливо да ги редат и подредуваат и ги предаваат на крај на вистинското место.

Ништо не останува заборавено, особено големите дела на некои од најважните луѓе во една земја, тоа и Еко низ животот се обидуваше да го каже. Драго ми е што можеме да го запишеме таму името на Наташа Габер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.