Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациент од САД спасен со матични клетки од македонски донатор

0
By Менче Атанасова Точи on May 21, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Граѓаните можат да донираат матични клетки исто како што тоа го прават крводарителите. Со тоа тие ќе влезат во Светската база на податоци во која има околу 30 милиони дарители. На Институтот за имунологија за НОВА потврдија дека веќе имаат околу 3000 граѓани од Македонија кои се пријавиле да донираат  матични клетки.

Професорот Дејан Трајков од Институтот за имунологија вели дека процедурата е едноставна и не е штетна, освен ако не се плашите од вадење на крв.

„ Кој сака да помогне, да биде хуман може да се пријави и да биде вклучен во базата на податоци. Потребно е само согласност, пополнување на формулар и со едно земање на крв завршува процедурата со што се влегува во светската база на донатори.  Кога крвта ќе ги помине сите тестови и доколку се јави потреба некаде во свет да се спаси нечиј живот, се јавуваат  и тогаш повторно прашуваат дали сакате да бидете донатор. Тоа е така затоа што кога болниот ќе го озрачат веќе нема откажување, потпишувате документ и повторно ви вадат крв. И толку, ништо не е  штетно, тоа е само вадење на крв од која потоа се вадат матичните клетки. Се е со кодови, нема имиња и лични податоци“, изјави за НОВА, доктор Тајков.

Пациент од САД со тумот на лимфни клетки бил спасен благодарение на донатор на коскена срцевина од Македонија. Тоа се случило во 2015 година, а македонскиот донатор бил пронајден преку македонскиот Национален регистар кој е член на Светската асоцијација. Тим на американски лекари утврдиле дека коскената срцевина на дарителот од Македонија одговара на организмот на нивниот пациент и го побарале,  велат за НОВА на Институтот за имунологија.

Уште еден македонски граѓанин со донирање на матичните клетки помогнал да се спаси човечки живот во Малме, Шведска во 2014 година.

На Институтот за имунологија велат дека веќе имаат база на податоци на околу 3000 граѓани од Македонија кои се пријавиле како донатори на матични клетки.

„Ништо не се плаќа, се е на доброволна и хумана основа. Наградата е тоа што дарителот се ослободува од партиципација и му следуваат бенефиции како на крводарите. Трансплантација на коскена срцевина од сродни дарители досега се правеше во Македонија, но сега ќе се започне со процедура на несродни дарители на Хематологија со што се отвараат можности пациентите да не одат во странство каде една трансплантација чини околу 150 000 евра“, изјави за НОВА, доц.др. Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија.

Директорот на Имунологија вели дека Македонија од 2010 година е член на оваа Светска асоцијација, но досега немало фондовска цена за процедурата во случај да затребаат матични клетки од пациент во странство, ниту пак имало можност трансплантацијата да се прави тука. Со реновирањето на Оддел за трансплантација  се создадени и стерилни услови тоа да се изведува тука, вели Петличковски.

Од ФЗОМ за НОВА потврдија дека е се регулирани цените на процедурите и услугите. Тоа значи дека нема да се праќаат пацинети во странство, ако за тоа нема потреба.

Пресадување на коскена срцевина е неопходна при болести на крвта како што е леукемија, апластична анемија, лимфоми и други тешки заболувања.

На Имунологија велат дека во моментот имаат околу 500 дарители од една дарителска акција чија крв мораат да ја анализираат во наредните еден до два месеца, а просторните услови се мали за нова акција. По ова ќе може граѓаните кои сакаат да донираат матични клетки да се пријавуваат.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.