Патувачкото кино на „МакеДокс“ вечер ќе одржи проекции во Моноспитово, утре во Босилово, а задутре во Габрово.
Проекциите се бесплатни и почнуваат во 21 часот. На 19 јули почна и првиот дел од четвртата генерација на школата за млади документаристи „ДокуНикулци“ на „МакеДокс“. На Патувачкото кино тие ќе се запознаат со документарниот филм, ќе развиваат свои приказни, ќе работат на нив во текот на годината и ќе ги прикажат на наредното издание на фестивалот „МакеДокс“ во 2023 година.
Вториот дел од Патувачкото кино ќе се одржи по фестивалот „МакеДокс“, односно во септември во преспанскиот регион.