Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Паули Тапио од Финска добитник на наградата „Мостови на Струга“

0
By Нова ТВ on May 15, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Финскиот поет Паули Тапио за книгата „Врапчињата и времето“ (Varpuset ja aika) ја доби наградата „Мостови на Струга“, што ја доделува фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со УНЕСКО за најдобра дебитантска книга.

Како што информира СВП, во конкуренција биле 23 книги од 13 држави, а „Врапчињата и времето“ на Паули Тапио трогнува со својата прецизност и длабочина.

– Тоа е зрела, комплексна и од аспект на книжевната техника исклучително вешто компонирана книга која истражува трогателни теми за сложеноста и тешкотијата во општењето меѓу луѓето, за копнежот по значење и комуникација. Низ еден тежок меланхоличен тон сопоставени едни на други се прикажуваат описи на историските методи за мачење, наслови во весниците за превртени бродови со бегалци, а од другата банални, случајни записи во дневник, се вели во соопштението од СВП

Наградената книга според правилата од страна на Струшките вечери на поезијата ќе биде објавена во тројазично издание (фински, македонски и англиски јазик). Таа ќе биде претставена за време на годинашното издание на фестивалот (22–27 август), кога и ќе му биде врачена наградата.

Паули Тапио е роден во 1986 година во северниот фински град Оулу. Студирал финска книжевност и руски јазик на Хелсиншкиот универзитет и работи како книжевен критичар, организатор на настани и преведувач. Тапио превел неколку книги од истакнати руски автори меѓу кои и Сергеи Довлатов и Светлана Алексиевич, како и поезија од млади руски поети. Во моментов работи на Хелсиншкиот универзитет каде предава и спроведува истражувања за својот докторат за формирањето на слободниот стих во модернистичката финска поезија.

„Врапчињата и времето“ e објавена во 2017 година. Истата година ја добил престижната награда за книга „Хелсингин Саномат“, која се доделува за најдобра дебитантска книга проза или поезија за таа година.

Мостови на Струга
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.