Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павел за Би-Би-Си: Привремена окупација на дел од територијата на Украина е прифатлива цена за опстанок

0
By Zoran Ivanov on August 4, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Чешка Петр Павел денеска изјави дека привремената окупација на дел од територијата на Украина е прифатлива цена за нејзиниот опстанок и рече дека Прага и другите сојузници на Украина никогаш нема правно да ги признаат окупираните територии како дел од Русија.

„Привремената окупација на дел од територијата може да биде цената на опстанокот на Украина како суверена држава“, изјави претседателот на Чешката Република во интервју за Би-Би-Си.

Сакаме Украина да преживее како независна и суверена држава. Ако цената на нејзиниот опстанок е тој дел од територијата да биде привремено окупиран, тогаш тоа е прифатлива цена. Никогаш нема правно да ги признаеме тие окупирани територии како дел од Русија.

Павел верува дека Украина во моментов, па дури и во догледна иднина, нема капацитет да ги ослободи сите окупирани територии, дури и со помош на Западот, без големи човечки загуби.

Тој апелираше за продолжување на воената помош за Украина, но во исто време нагласи дека војната не може да се добие само на бојното поле. Според него, Русија треба да биде принудена да преговара преку економскиот притисок на Европската унија и САД.

Во интерес на двете страни од Атлантикот е да се зголеми економскиот притисок врз Русија. Тоа е многу ефикасно средство за убедување. Со оглед на моменталната состојба на руската економија, не верувам дека тие можат долго да го издржат тој притисок. Доколку се спроведат овие мерки, порано или подоцна Русија ќе мора да седне на преговарачка маса, иако во моментов одбива да го стори тоа, додаде Павел.

 

окупирани Павел Петар пшривремено укреаина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.