Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павле Трајанов бара да се формира ново „СЈО“

0
By Нова ТВ on March 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократскиот сојуз го поддржува Планот за борба против корупцијата и инсистира да се изградат инструменти за негова имплементација, како и надградување на истиот. Во оваа насока Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз, го предложи следното:

Прво, да се донесе закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција.

Во законот да се предвиди да нема застареност за тешки кривични дела од организиран криминал и висока корупција доколку делата се поврзани со злоупотреба на власта.

Натаму задолжително да се конфискува капиталот стекнат на криминален начин и да се изрекува заштитна мерка забрана на политичко дејствување од најмалку 10 години.

Со законот да се предвиди формирање на Агенција за борба против организиран криминал, со надлежности да работи на откривање и спречување на тешки облици на криминал и висока корупција, да го открива (детектира) скриениот имот на носителите на високи државни и политички функции, како и други лица инволвирани во тежок криминал, да ги координира активностите на сите институции надлежни за откривање и спречување на тешки облици на криминал , да постапува по барања на ДКСК итн. Агенцијата треба да има законска обврска, оперативно да истражува и спречува злоупотреби при јавните набавки со вредност од над 300.000 евра.Директорот да го бира Борд од 15 експерти, универзитетски професори, претставници од невладиниот сектор, медиумите и Парламентот, со мандат од седум години. Вработените да имаат посебни права и овластувања, да се експерти и со силен интегритет и добро платени.Во Агенцијата да се вработат не повеќе од 40 експерти, а за тој број да се намалат работни места во другите институции и финансиски средства.

Поради целосна департизација и деполитизација на администрацијата, да се забрани членство во партии на вработените во МВР и другите безбедносни институции и други институции кои работат на сузбивање на криминалот.

Вработувањето во државната и јавната администрација да се одвива врз основа на јасни цврсти критериуми, при што да се предвиди кривична одговорност, казна од најмалку три години затвор, за секој што ќе ја злоупотреби власта при вработување.

Инаку Демократскиот сојуз има подготвено Проект за декриминализација “ДЕКРИ” со кој се предвидува заокружен и ефикасен систем за борба против организираниот криминал.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.