Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павловска: Измените во Законот за градење го узурпираат правото на граѓанинот

0
By Влатко Чаловски on January 22, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последните измени и надополнувања на Законот за градење предвидуваат нови надлежности на локалната самоуправа, градот Скопје и општините и во таа смисла всушност се прави една непромислена активност, нешто што не може да се спои со некаква законодавна рамка со оглед на она што го предвидува Уставот и што проверува Законодавната комисија, вели за НОВА екс- претседателката на Асоцијацијата на архитекти, Даница Павловска во однос на последните измени и дополнувања на Законот за градење.

Според Павловска се работи за интервенција во законот каде што надлежностите коишто им се доверуваат на општините односно на град Скопје, всушност го узурпираат правото на граѓанинот да одлучува за својата приватна сопственост, а таквото нешто е недопусливо не само затоа што задира во приватната сопственост туку и затоа што се работи за интервенции на кои што треба да им се пријде од повеќе аспекти.

„Едниот аспект е што недостасува аналитичност во подготовките, значи пред се, треба да се валоризираат објектите на кои што се сака да се интервенира во било која смисла. Учеството на стручните професионални слоеви во општеството при таквото валоризирање е неминовно, неопходно и се подразбира“, изјави таа.

Претходно, опозиција од говорничкото место во Собранието овој закон го опиша како најголем фашистички закон кој некогаш е донесен во Македонија. Пратеникот на СДСМ пак, Јани Макрадули рече дека ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд за негово укинување.
Газменд Алији од ДПА, неодамна на расправата во Собранието рече дека законот е неуставен и ја нарушува приватноста на граѓаните.

„Покрај завршувањето на антиалбанскиот моно – етнички проект „Скопје 2014“ се отвораат и други дилеми. Кој гарантира дека утре на ѕидот на една зграда, нема да има слика на црква или на икона. Кој гарантира дека утре во Музејот на слободата нема да се нацрта сликата на Тарчуловски“, изјави пратеникот од редовите на ДПА.

Последователно пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО – ДПМНЕ им реплицираше на опозициските пратеници со став дека централното подрачје на секој град претставува дел што треба да биде репрезентативен и е од значење за сите граѓани.

Надоврзувајќи се на расправата на пратениците, екс- претседателката на ААМ, Павловска во изјавата за НОВА надополнува дека архитектите се навикнати на работа без аналитика.

– Навикнати сме на таквите работи без таа аналитика, за ваквите измени и дополнувања на законот барем можеше да се погрижат институциите како Комората на овластени архитекти и инжинери која не продебатира јавно во однос на оваа измена која што навидум е малечка меѓутоа носи страшни последици и еве уште еднаш сме изневерени од таа институција, вели таа.

Воедно, според објавената содржина на законот на веб страницата на Собранието на Р.М, се утврдува и надлежност на Градот Скопје за спроведување на постапка за доградба, надградба и реконструкција на објекти за кои е донесена одлука дека ќе им биде променета фасадата.

Инаку, со новите измени, локалните политичари практично ќе одлучуваат кои објекти во македонските градови се подобни за промена на надворешниот изглед. Првото читање во македонското Собрание помина, а со тоа измените и дополнувањата во Законот за градење продолжуваат во натамошна процедура пред да се донесе финалната одлука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.