Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Павловски: Груевски целосно отстапи од своите ветувања

0
By Нова ТВ on August 3, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Божин Павловски

Илинденскиот говор на премиерот Никола Груевски треба да се подели најмалку во два дела. Во првиот, кога внимаваше на дикцијата, на јасната мисла, на политичкиот шарм со кој се лови вниманието на публиката, слушнавме пораки што му личат на еден национален празник, за тешките времиња во кои саможртвата го одржала нашиот човек. Во вториот дел премиерот разви полемика со противниците на антиквизацијата, споменикоманијата, лустрацијата, со критичарите на неговите патувања во далечните земји, како и неговите виртуелни реформи. Им испрати пораки и на непопустливите Грци, јасно им даде на знаење на оние од меѓународната заедница дека е подготвен дури и лично да се ангажира околу мачниот проблем со името.

Кој си нема поважна работа нека го побара на Јутјуб говорот на Неговата екселенција Слободан Милошевиќ одржан на Газиместан во 1988 година. Иако таа снимка е монтирана во форма на филмска „спрдња” (Вождот работел во договор со народот), ќе се праша дали се повампирил, или само неговите советници ги преживеале крвавите југословенски војни, па си нашле нов газда во Македонија.

Овој месец се навршуваат рамно седум години од првиот инаугуративен говор на сегашниов премиер Никола Груевски. Нашите австралиски неделни весници тогаш, меѓу другото, го објавија следното: подобрување на животниот стандард, зголемување на вработеноста, засилена борба против корупцијата, развој на демократијата, подобрување на меѓуетничките односи, политичка стабилност, интеграција во ЕУ и НАТО – ќе бидат главните цели на новата македонска влада. Тоа го нагласи мандатарот Никола Груевски во експозето пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Тој посочи дека по 15 години мачна транзиција граѓаните заслужуваат европските стандарди да станат дел од нивното секојдневно живеење. Тој вети просечна годишна стапка на раст на БДП од 6 до 8 %, намалување на јавната потрошувачка и нула непродуктивни буџетски расходи во 2007 година, а во периодот од 2008 до 2010 и нивно намалување за 30%. Тимот на Никола Груевски се обврза максимално да ја редуцира бирократијата. Не постои нешто што посилно ги обединува граѓаните на Македонија, од најголемата заедничка болка – сиромаштијата, заклучи мандатарот Никола Груевски.

Најблагата споредба на овие говори – меѓници во политичката кариера на Груевски, упатува на впечатокот дека тој целосно отстапил од своите ветувања.

Само три недели по преземање на власта во 2006 година тој објави дека ќе започне повеќе непродуктивни инвестициски потфати, меѓу кои изградба на Офицерскиот дом и Стариот театар. Во сабота навечер ми испрати кратко електронско писмо: „Здраво Божин. Ако не си ја прочитал колумната на Горан Михајловски, те молам стори го тоа и јави ми што мислиш. Поздрав, Никола“. Го прочитав „Сакам да кажам“ во неделата и на агилниот премиер му испратив многу краток одговор: „Горан е во право“. Истата вечер тој ми одговори со нервозна порака: „Ако те ангажирав да ми бидеш советник, веднаш ќе дојдев во конфликт со тебе. Поздрав, Никола“. Ако си решил на твоите гласачи што немаат гаќи да им ставиш цилиндер на главите, сега нема кој да те спречи, си помислив и ја баталив натамошната преписка.

Тоа е невиното време на Неговата екселенција премиерот, затоа што по улиците на Скопје не беа поставени ни Шмизлата, ни Чистачот на чевли. Си заминав во далечната земја смешкајќи се под носот, а прашањата, како на пример, што ќе произлезе од преголемата работливост на премиерот се прерипуваа во мојата глава. Цел живот си ја вардев својата апсолутна независност, сам изградив приватна голема фирма во социјализмот на Федерацијата, уште поголема во капитализмот на својата втора татковина. Тогаш кога Никола ми даде на знаење „дека веднаш ќе дојдел во конфликт со мене“, имав 64 години, без ниту еден работен ден во државна служба, без никакви политички амбиции. Од својата 46 година член на Академијата на науките и уметностите.

Моето искуство со премиерот Груевски остана никакво, затоа што моите дела не користат државни субвенции, зависат само од читателите и oд пазарот. Сепак, уште двапати имав блиска средба со „неговите политики“: Првпат, во 2009 година неговиот соработник Илија Димовски бараше „угледни имиња“ што ќе го потпишат веќе зготвениот предлог Ѓорѓе Иванов да биде кандидат за претседател на државата, што фактички беше иницијатива на самиот лидер на владеачката партија, кој со овој маневар ги елиминираше внатрешните кандидати, и вторпат, кога тој истиот премиер се подготвуваше да ја посети Австралија, бараше од мене совети низ полчасовен телефонски разговор. Во првиот случај академикот Гане Тодоровски лесно ме убеди да го „спружам“ својот потпис, иако кандидатот го имав видено само еднаш, a во вториот случај попусто го убедував Груевски да се подготви добро за престојот во Австралија, со оглед на тоа што таму протоколот е беспрекорен (да не доцни никаде).

Со неколку зборови кажано, премиерот требаше чесно да ја сфати мојата реакција против лустрирањето на покојниот академик Славко Јаневски, што е национална срамота.

Неполн месец од овој недоличен настан, на ден Илинден 2013 во славното Крушево, Неговата екселенција Груевски призна: „Во право е Паско Кузман кога тврди дека антиквизацијата е мое ремек дело, не греши чаршијата кога шепоти дека стојам зад одлуките на Томе Аџиев во процесот на лустрација, патувам во најдалечните земји за ваше добро, скотови ниедни, ич да не ви е гајле за трошоците. И како што опозицијата е виновна за смртта на демократијата во Македонија, така лошите Грци не ми отвораат пат да поминам. Но мене ми останува меѓународната јавност, Обединетите Нации, и за овој проблем лично ќе се заложам да се реши, исто како што ги остварив ветувањата од својот прв инаугуративен говор. Гледате и сами, не остана ни трага од сиромаштијата, не ве задолжив петпати за непродуктивни инвестиции, туку ве раздолжив, земјата македонска стана толку стабилна што служи за пример во Европа, а просечната годишна стапка на БДП е дури поголема од таа што ја ветив. Откако драстично ја намалив бирократијата, непродуктивните трошоци паднаа ниско. Затоа вие дишете со олеснување и толку искрено ми аплаудирате“.

Но ајде да видиме дали е така.
1. Кој на нашиот работлив премиер му забранува да ја вклучи квалитетната наука за да побара некое пристојно место во историјата за својот народ? Кој ќе му се подбива ако „неговите“ историчари тврдат дека Самоил бил цар на многу народи, меѓу кои и на македонскиот? Верувајте, никој, освен можеби Божидар Димитров. Кој ќе му приговори за Јустинијан, ако од наша страна се афирмира неговото родно место? Никој, особено затоа што тие далечни времиња за кои е задолжена не само науката туку и митологијата, се светска цивилизациска придобивка, им припаѓаат на сите народи.
И со клетите Грци премиерот можеше да се нагоди, само да не го прекрстуваше Автопатот пред да го изгради. По Воинот на коњ и Таткото на Воинот, работите драматично си ги влоши. Само Ѓаволот знае зошто толку многу ги искомплицира односите со државата што ја молиме да ни се тргне од патот. Сега бара средба со нивниот премиер. Но како што Груевски е националист по професија, така Самарас е националист по тапија.
Што се однесува до меѓународната заедница, за жал, тој нема углед таму. Самарас и натаму ќе влегува од предната врата во Белата Куќа, додека нашиот млад лидер од задната. Проклето голема неправда, кога ќе задоцниш во историјата, но особено кога во таа прашума ќе почнеш да се шеташ како некој аматер.

Десно ориентираниот Никола Груевски можеше да направи капитал од лустрацијата, иако таа е премногу задоцнета. Жртвите на комунизмот требаше да бидат во фокусот на тој закон, чесно да се идентификуваат, да им се одреди компензација и сатисфакција, и уште почесно да се трага по виновниците.
Дури и во случаи кога жртвите би одбиле излегување во јавност, едно здраво општество може процесот на лустрација да го приведе со етичка правна заштита. Ваквиот пристап требаше да го подигне нискиот морал на власта, која речиси во исто време им прости на терористите за сурови злодела, оставајќи ги нивните жртви во немилост.
За да јава апокалиптично во просторот на кревката македонска демократија, актуелната власт ја купи совеста на јавното мислење во повеќето медиуми, и силно ја афирмира епохалната мисла на Аџиев, дека се бунат само тие што се плашат од лустрацијата, за која се шепоти дека се договара во домот на премиерот. Осрамотија шеесетина интелектуалци, внесоа страв во коските кај останатите шеесет илјади. Веќе никој во Македонија не им верува на судовите.

Не знам како ќе се обновува творечката слобода во земја која теориски има демократско уредување, но практично е раководена од режим кој ќе ги користи сите методи за да ја зачува власта. Неговата екселенција Груевски многу болно ќе го доживее евентуалното губење на премиерската фотелја. Тој е економист, веќе ги чувствува последиците од грандиозните непродуктивни инвестиции. Навлегува во осмата година од своето јалово владеење, и главно затоа со нервоза и закана им се обраќа на критичарите од опозицијата. Заканата е последното оружје во рацете на современиот политичар, доколку ја исклучиме војната. Но парламентарната демократија сепак има заштитни механизми да не забега во диктатура.

Каде беа неговите многубројни советници да му укажат дека светиот Илинден не е ден за пресметки со неистомислениците? Во развиените демократии власта не им се заканува на критичарите, затоа што тие ја одржуваат чесна и одговорна. Да пристигнеш на Мечкин Камен со толку убава жена што те води под рака, и да одржиш толку грд заканувачки говор на самиот национален празник, значи дека си го изгубил компасот. Или можеби ова беше само уште еден лош ден во животот на премиерот, кој пред седум години толку многу ветуваше.

(Текстот го објавува Плусинфо, преземен од Австралиско Македонски Неделник)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

ВЕСТИ October 12, 2025

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за…

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.